Споделуваме искуства: „Какви промени ми се случија откако пијам топла вода со лимон наутро?“

Холи Смит е млада жена која го сподели своето искуство со милиони лица ширум светот кои не веруваат во моќта на природните лекови.

piela-zeshka-voda-so-limon-sekoe-utro-eden-mesec-krajniot-rezultat-e-voodushevuvachki-01.jpg

Холи открива дека пиењето 300 милилитри жешка вода со еден исцеден лимон во неа ѝ донело неверојатни здравствени придобивки.

„Јас сум личност која ги следи најновите здравствени трендови. Се пишуваше многу за здравствените придобивки од пиењето жешка вода со лимон, па одлучив еден месец првото што ќе го направам наутро да биде пиење жешка вода со лимон за да го прочистам своето тело.

Пиев околу 300 милилитри жешка вода во која стискав по еден лимон. И се вљубив во оваа навика.

Збогум на подуеноста

Повеќе не чувствував подуеност затоа што жешката вода со лимон ми го будеше дигестивниот систем.

Ми го смируваше стомакот како што прави чајот од нане или камилица. Веќе можев слободно да консумирам и продукти кои претходно ми предизвикуваа подуеност.

Лимонот е лаксатив и диуретик во комбинација со топлата вода и помага во намалувањето на солта и задржувањето на водата во организмот.

Поубава кожа

Препаратите за нега на кожата се скапи и одлична евтина замена за нив е жешката вода со лимон.

Во текот на овој експеримент мојата кожа стана посветла и почиста. Тоа не беше драстична разлика, но сепак имав значително намалување на црвенилото и на мрсењето на кожата во текот на денот.

Овој пијалак има антивоспалително дејство врз кожата затоа што содржи многу антиоксиданти. Ја спречува појава на акни и ја прави кожата поубава.

piela-zeshka-voda-so-limon-sekoe-utro-eden-mesec-krajniot-rezultat-e-voodushevuvachki-02.jpg

Повеќе енергија

Јас сум зависник од кафе и дури на 10-тиот ден од експериментот успеав да го исфрлам кафето од мојата утринска рутина.

Започнав да пијам кафе дури доцна напладне бидејќи жешката вода со лимон не само што ми го прочисти организмот, туку и ми даваше енергија.

Телото ми беше хидратизирано и полно со енергија, чувствував дека имам одлична концентрација и бистрина на мислите.

Ми помогна да воспоставам рутина

Си дадов задача секое утро точно во исто време да пијам жешка вода со лимон и тоа ми воспостави некаква рутина. Знаев кога го правам тоа, кога се туширам, кога тргнувам на работа. Повеќе не бев во хаос и не доцнев.

Поради обврската да си исцедам лимон и да стоплам вода станував порано, па со тоа имав многу порелаксирани утра од претходно. Повеќе не трчав наоколу како луда.

piela-zeshka-voda-so-limon-sekoe-utro-eden-mesec-krajniot-rezultat-e-voodushevuvachki-03.jpg

Ми ги ублажи симптомите на настинка

На половина од мојот експеримент фатив настинка. Па, на лошите денови земав двојни и тројни дози вода со лимон бидејќи тоа ми помагаше да ја разбистрам главата. Сфатив дека всушност си пронајдов одличен лек за настинка.

Топлата течност ми го забрзаше исфрлањето на секретот и ми го освежуваше телото.

Лимоните содржат витамин Ц и имаат антивирусни и антибактериски својства, кои неверојатно помагаат кога се борите со настинка.

Немаше многу негативни последици

Еден од негативните ефекти на пиењето жешка вода со лимон е што се чувствувате пожедни од вообичаено поради киселоста, но и поради диуретското дејство. Па, ќе треба да пиете и повеќе обична вода.

И вториот негативен ефект беше што со текот на времето водата со лимон сè помалку и помалку ми имаше вкус, како и сè друго што ви станува рутина, па е сè помалку возбудливо со текот на времето.

Но, покрај тоа, немаше некои големи негативни ефекти, па би го сторила тоа повторно. Оваа здрава рутина која ќе го освежи телото му ја препорачувам секому.“

piela-zeshka-voda-so-limon-sekoe-utro-eden-mesec-krajniot-rezultat-e-voodushevuvachki-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg