Би пробале сладолед од мајчино млеко, варена риба или вијагра?

Порано сладоледот го имаше само во неколку врсти, од чоколадо, ванила, јагода и некое слично овошје.Подоцна се појави и сладоледот од карамела, бисквити, ментол и најразлични вкусови.

bi-probale-sladoled-od-majcino-mleko-varena-riba-ili-vijagra-01

Но, никој не помислувал дека идеите на мајсторите за сладолед ќе отидат дотаму за да почнат да подготвуваат сладолед од пилешко месо, коњско, варена риба или мајчино млеко и вијагра.

Дури и во Италија каде е познатото џелато, ја имале една од најлудите идеи, да подготват сладолед од вијагра.

Американците уживаат во вкусот на сладолед од сланина, а во Франција се гордеат со сладоледот од гускини џигери.

Ви звучи одвратно?

Во Алјаска може да купите Акутак, сладолед од животинска маст, шумско овошје, шеќер и варена риба.

Велика Британија може да се пофали со сладолед од мајчино млеко.

Сигурно веќе ви се лоши од самото спомнување на овие сладоледи, но тие се исклучително популарни и привлечни за оние кои сакаат да експериментираат со вкусовите.

Во Јапонија дури одат дотаму да подготват сладолед од пилешки крилца , но и од живо коњско месо.

Погледнете го видеото со некои од овие сладоледи:

Би пробале ваков сладолед?

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти од рерна, готови за 30-тина минути Крцкавите пилешки прсти се омилени за мезе или како предјадење, а наместо да ги ...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg