Подгответе: Брзи, непечени рум бомбици

Се прават брзо, а се јадат уште побрзо. Овие бомбици можете да ги направите неколку минути пред да ви пристигнат пријателите или да ги изненадите најблиските по ручекот.

podgotvete-brzi-nepeceni-rum-bombici-01.jpg

Во секој случај, ќе станете зависни од овој рецепт.

Состојки:

  • 250g маргарин
  • 250g шеќер во прав
  • 250g мелен кекс
  • 100g мелени ореви
  • 2 лажици рум
  • 100g суво грозје
  • 100g чоколадо

Подготовка:

Изматете го маргаринот и шеќерот во прав, па додајте го кексот, измелените ореви и румот.

Од смесата правете бомбици, а во средината на секоја ставете по едно зрно суво грзје.

Ставете ги во хартиени корпи, а потоа прелијте ги во растопено чоколадо.

Изладете ги 20тина минути и послужете.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg