Подгответе: 3 лесни, брзи ручеци готови за 20 минути

Во топлите денови, предност дајте му на зеленчукот, од кој можете да подготвите прекрасни специјалитети.

podgotvete-3-lesni-brzi-ruceci-gotovi-za-20-minuti-01.jpg

Токму затоа, ви нудиме неколку рецепти за кои не ви се потребни повеќе од 20 минути, а ќе можете да уживајте во вкусен оброк заедно со семејството.

Макарони со туна

Состојки:

  • 300-350g тестенини
  • 300g туна
  • Неколку листови зелена салата
  • 3 средни домати

За сос:

  • 1 лимон
  • 50ml маслиново масло
  • Сол
  • Бибер
  • Магданос

Подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Парчињата туна исцедете ги од маслото и помешајте ги со тестенините. Додајте ги листовите зелена салата исечкана на резенки и парчињата домати. Зачинете со сосот од лимон и масло, добро измешајте и послужете.

podgotvete-3-lesni-brzi-ruceci-gotovi-za-20-minuti-02.jpg


Лазањи со боркула

Состојки:

  • Пакување кори за лазањи
  • 800g брокули
  • Сол
  • Бибер
  • 200g кашкавал

За бешамел:

  • 100g путер
  • 100g брашно
  • 1 l млеко
  • Лажичка сол

Подготовка:

Брокулите измијте ги, исечкајте ги и сварете ги. Корите за лазањи подгответе ги според упатството.

Растопете го путерот, додадете го брашното и истурете 1/3 од млекото додека не добиете густа смеса. Преостанатото млеко додавајте го постепено. На крајот, посолете и оставете да се олади.

Во плех за печење редете го тестото за лазањи, брокулите, изренданиот кашкавал, па прелијте го сосот. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот.

Кратко потпечете во рерна, не повеќе од 10 минути.

podgotvete-3-lesni-brzi-ruceci-gotovi-za-20-minuti-03.jpg


Полнети тиквички

Состојки:

  • 2 поголеми тиквици
  • Лажица пармезан
  • Лажица сечкан магданос
  • Мал кромид
  • Сол
  • Лажица кисела павлака
  • Сирење
  • Домат

Подготовка:

Исечкајте ги тиквичките на кругови со дебелина од околу 10 сантиметри. Со лажица исчистете ја средината додека не добиете корпи, а средината сочувајте ја во еден сад.

На малку масло пропржете го кромидот со средината од тиквичките. Додајте го ситно сечканиот домат и зачините, па пржете додека не испари течноста.

Откако смесата ќе се олади додајте ја павлаката и пармезанот.

Тиквичките наредете ги на тава, пополнете ги со смесата и печете околу 10-15 минути на 180 степени.

Сервирајте и декорирајте со рендано сирење.

podgotvete-3-lesni-brzi-ruceci-gotovi-za-20-minuti-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg