Слатка зимница: Време е за џемови и слатко

Сезоната за подготовка на зимница штотуку не започнала. Освен ајвар и туршија, оваа година обидете се да подготвите џем или слатко кое ќе го обожава целото ваше семејство.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-01.jpg

Ова се неколку наши предлози и рецепти на искусните домаќинки.

Џем од суво овошје со ѓумбир

Состојки:

  • 200g урми
  • 250g суви сливи
  • 250g суви кајсии
  • 250g суви смокви
  • 125g шеќер
  • 2 лажици гумбир
  • 1,2 l вода

Подготовка:

Исчистете го овошјето од семките, па насечкајте го на ситни парчиња. Прелијте го со вода и оставете го да се вари 25 минути на средна температура, додека не омекне.

Во меѓувреме изрендајте свеж ѓумбир и додадете го во полусварениот џем. Додадете го и шеќерот, па варете уште 20-30 минути.

Префрлете го џемот во претходно подготвени тегли, затворете и превртете ја теглата обратно. Оставете да се олади.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-02.jpg


Слатко од сливи со бадеми

Состојки:

  • 1kg полузрели сливи
  • 1kg шеќер
  • 4-5 лажици ванила арома
  • Сок од 1 лимон
  • 100g излупени бадеми
  • Вар вода

Подготовка:

Излупете ги сливите и оставете ги да отстојат во вар водата 2 часа. Извадете ги, измијте ги и исчистете ги од семките, па ставете ги на сува крпа за добро да се исцедат. Наполнете ги со излупените бадеми.

Ставете го шеќерот во длабок сад, прелијте го со вода, па варете и тргајте ја пената од површината.

Кога ќе направите шербет, спуштете ги сливите. Варете додека не видите дека шербетот се згусне.

На 5 минути пред крај, додадете ја аромата од ванила и сокот од лимонот.

Тргнете го садот од оган, покријте го со чиста крпа и оставете го да се лади.

Потоа прелијте го слаткото во тегли.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-03.jpg


Намаз од дуњи и јаболка

Состојки:

  • 3kg исчистени дуњи
  • 1,5kg шеќер
  • 4 големи кисели јаболка
  • 4dl вода
  •  Сок од 2 лимони

Подготовка:

Дуњите добро измијте ги и исчистете ги, па исечкајте ги на коцки. Ставете ги во голем лонец во кој ќе го подготвувате намазот.

Јаболката исто така исчистете ги, но не ги лупете, па исечкајте ги на ситни коцки. Додадете ги во садот.

Додадете го и шеќерот, сокот од лимон и водата, па оставете ги да се варат на тивок оган.

Кога овошјето ќе омекне, за околу 20 минути, испасирајте ја смесата со миксер. Потоа вратете го овошјето на оган и продолжете го варењето уште 15-20 минути, со непрестанато мешање.

Жешкиот намаз претурете го во тегли, а потоа теглите ставете ги во рерна на 100 степени околу 10 минути, за слаткото да се запече.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-04.jpg


Слатко од смокви

Состојки:

  • 1,25kg смокви
  • 1,5kg шеќер
  • 1 лимон

Подготовка:

Смоквите добро измијте ги и со остар нож излупете ги. Добро проварете ги низ 6-8 води и варете ги додека водата не проврие.

Во последната вода ставете ја ренданата кора од лимон. Варените смокви внимателно исцедете ги и оставете ги да се исушат.

Во длабок сад ставете го шеќерот, прелијте го со вода и оставете го шербетот да се вари. По неколку минути, кога шеќерот ќе се стопи, додадете ги смоквите. Варете на силен оган, а на 5 минути пред крај додајте го сокот од лимонот. По желба додајте и ванила.

Свареното слатко прекријте го со влажна крпа и оставете го да се олади 10 минути. Тогаш тргнете ја крпата и повторно вратете го садот на оган додека не зоврие.

Кога слаткото ќе биде готово, оставете го 12 часа во садот, па потоа претурете во тегли.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg