Здраво и вкусно: Подгответе чипс од банана

Рецептот е лесен и едноставен. Дури и почетник во кујна може да подготви солен или благ чипс од банана.

zdravo-i-vkusno-podgotvete-cips-od-banana-1

Ако се одлучите за солен чипс, тогаш ќе ви бидат потребни зелени банани, односно не сосема созреани, а за благиот земете зрели.

За три порции чипс од банана потребно ви е следново:

  • 3 банани
  • 3 кафени лажички маслиново или сончогледово масло
  • Сол, односно шеќер( по вкус)

Бананите излупете ги и исечкајте ги на тенки кругови. Ставете ги во плех, обложен со хартија за печење. Посолете ги и попрскајте ги со маслото.

Печете 15-20 минути на 180-200 степени.

За помалку од 20 минути ќе имате здрав десерт кој можете да го зачините со мед, цимет или црно чоколадо. Ако сте за најздрава варијанта, консумирајте го чист.

Би можело да ве интересира:

Лесен и вкусен колач со јагоди Колачот со јагоди и јогурт е најбрзиот и најлесниот што некогаш ќе го направите....
Чизкејк од банани што не се пече – идеален за летните денови Брзите чизкејк десерти се меѓу омилените на модерните домаќинки затоа што не се ...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
По рецептот на баба: Домашни еклери, полнети со фил од ванила и прелиени со чоколаден прелив Дали сте љубители на домашни еклери, онакви какви што често се приготвуваа и во ...
Брз и едноставен рецепт за чизкејк со кокос и бело чоколадо Кокосот игра главна улога во овој десерт во кој ќе се вљубите вие и вашите сакан...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg