Брз ручек: Солена торта од макарони

Кога ќе ви се смачат варените и печени макарони, пробајте ги во поинаков облик - како солена торта со доматно пире и топен кашкавал.

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-01.jpg

Потребни ви се следниве состојки:

  • Пакетче најобични, прави макарони
  • 150ml доматно пире
  • 200g мелено месо
  • Малку кромид
  • 100-150g рендан кашкавал или пармезан
  • Зачини и сол по желба


Подготовка:

Во голема тава ставете го меленото месо да се испржи заедно со кромидот, додека не добие убава кафена боја.

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-02.jpg

Додајте го доматното пире во месото и мешајте додека не почне да врие.

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-03.jpg

Подгответе го калапот во кој ќе ја печете тортата. Ставете еден слој од сосот, па наредете ги претходно сварените макарони исправено.

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-04.jpg

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-05.jpg

Прелијте го остатокот од сосот и додајте го ренданиот кашкавал.

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-06.jpg

Печете 20-30 минути, додека кашкавалот не зарумени.

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-07.jpg

Прсти да излижеш!

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-08.jpg

brz-rucek-solena-torta-od-makaroni-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Рецепти од ТикТок кои нема да ги „промашат“ и тие што се помалку вешти во кујна Похувано пилешко со пармезан, крем супа од брокула и чедар или американски палач...
Вкусни бомбици од 2 состојки за кога немате ништо благо дома Кога немате ништо благо дома, можете да си подготвите бомбици од само 2 состојки...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg