Вкусен и топол ручек: Супа во меко лепче

Ништо не може да даде поголемо задоволство на есен од топлата крем супа која е штотуку зготвена и готова да не загрее за време на дождливите денови. Но, покрај супата недостасува уште една работа – мирисот на свежо подготвено топло лепче.

vkusen-i-topol-rucek-supa-vo-meko-lepce-01.jpg

Оваа комбинација звучи одлично, а лесно е и да ја подготвите и меѓу другото, супата да ја ставите во лепчето и да уживате истовремено.

vkusen-i-topol-rucek-supa-vo-meko-lepce-1.jpg

Еве како можете да го направите тоа:


Потребни состојки:

  • 1 Лажица сув квасец
  • 1 Лажица кафеав шеќер
  • 1 ¼ Млака вода
  • 3 Шолји бело брашно
  • 2 Лажици маслиново масло
  • 1 Лажица сол


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. На тавата ставете масна хартија за готвење.

Во голем сад измешајте ги заедно: квасецот, шеќерот и водата. Оставете ги да отстојат околу 5 минути.

Измешајте ги останатите состојки во водата додека не добиете компактна смеса. Измесете го тестото и од него направете топка, а потоа повторно вратете го во садот.

Садот покријте го со крпа и ставете го над рерната која се загрева околу 25 минути.

Потоа извадете го тестото од садот и поделете го на 4 еднакви делови и од секој од тие делови направете мала топка.

Топките ставете ги во тавата и нанесете малку маслиново масло на нив. Со остар нож пресечете ги во форма на буквата „Х“.

Печете ги во рерната околу 25 до 30 минути додека не добијат златна боја.

За да сервирате супа во нив, пресечете го горниот дел од лепчињата и извадете го мекиот дел.

vkusen-i-topol-rucek-supa-vo-meko-lepce-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд ручек: Пилешко во кари сос во 6 чекори Пилешко во кремаст кари сос... Идеален рецепт за викенд ручек со најблиските, а ...
Брзи и вкусни колачиња кои мора да ги имате на празничната трпеза Таканаречените путер колачиња се најлесни за подготовка, а можете да ги декорира...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Брз и едноставен рецепт за чизкејк со кокос и бело чоколадо Кокосот игра главна улога во овој десерт во кој ќе се вљубите вие и вашите сакан...
Путер колачиња во вид на бастунче: Лесен рецепт за празничните денови За подготовка на овој рецепт ви се потребни едноставни состојки, а ово...
Рецепт за совршени чоколадни колачиња со портокал Совршен вкус на чоколадо и портокал кој се топи уште од првиот залак... Соврш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg