Рецепт на денот: Крцкави крекери со кашкавал

Можеби не се најздравото нешто кое нутриционистите би го препорачале но секако дека се највкусното нешто кое можете да го подготвите.

recept-na-denot-krckavi-krekeri-so-kaskaval-001

Кој не сака крцкави крекери, а ако на тоа додадете и кашкавал знаете дека сте го постигнале вистинскиот погодок.

Овој едноставен рецепт ќе ви помогне да направите извонредни крекери со кашкавал кои од вас ќе направат главен и омилен готвач во друштвото. Толку се вкусни што вашите пријатели постојано ќе се надеваат дека при секоја посета во вашиот дом на масата ќе ги чека полна чинија вкусни крекери.

Потребни состојки:

  • 2 лажици путер без сол, на собна температура
  • 3/4 шолја чедар кашкавал, рендан
  • 1/3 шолја пармезан, ситно рендан
  • 1/2 лажичка црвен пипер
  • Малку чили
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/2 шолја брашно
  • 1 лажица ладна вода


Подготовка:

Ставете ги во поголем сад путерот, кој треба да биде мек, крупно ренданиот чедар и ситно ренданиот пармезан, црвениот пипер, чилито и солта. Убаво измешајте ги состојките, сè додека не добиете хомогена смеса.

Потоа го додавате брашното и продолжувате да мешате. За полесно мешање можете да користите вилушка. Мешајте додека не забележите дека сите топчиња лесно се раскршуваат.

На крајот додадете ја ладната вода. Смесата која треба да ја добиете треба да биде мека и хомогена. Ако гледате дека не е таква можете слободно да додадете уште малку вода.

На тестото не му е потребно многу месење, доволно е само да добиете хомогена смеса. Потоа завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер 30 минути. Тоа ќе ви помогне подоцна полесно да го развлечете во кора.

Откако ќе се излади ставете го на набрашента површина и развлечете кора со дебелина од околу 2-3 mm. Исечете го на ленти и во форма која вас ви се допаѓа.

Со помош на чепкалка на секое парче направете по 5 дупчиња и наредете ги на фолија која претходно сте ја премачкале со неколку капки масло. Печете 15 минути на температура од 190°С (рерната треба претходно да биде загреана) или сè додека не станат златно кафеави и крцкави.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз викенд ручек за гурмани: Потпечени плескавици со растопен кашкавал Што да подготвите ако дома имате компир, мелено месо и моркови? Може да си напра...
Потпечени сочни макарони со праз и пилешко Ако сте љубител на праз, тогаш мора да го пробате овој рецепт за потпечени тесте...
Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете...
Брз летен десерт: Кремаст Киндер мус од само 2 состојки, кој ќе го обожавате Ако ги сакате Киндер чоколадата, тогаш сигурно ќе уживате во вкусот на домашниот...
Пикантни тестенини со путер од кикиритки и чили, готови за 10 минути Ако сте љубител на пикантни јадења со необичен вкус, тогаш мора да ги пробате ов...
3 брзи мезиња за новогодишната трпеза Брзи залчиња од зденки на крекери, корнети со пилешка салата, или крцкави нового...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg