Љубовен десерт за двајца: Превртена чоколадна торта

Дали некогаш сте имале можност да го пробате еден од најпознатите германски десерти „Шумска“ торта заедно со традиционалниот ликер kirschwasser?

ljuboven-desert-za-dvajca-prevrtena-cokoladna-torta-01.jpg

Само замислете, чоколадна торта збогатена со слатка павлака и малку овошен вкус кој доаѓа од свежите или замрзнати цреши...

Оваа едноставна торта можете да ја подготвите како десерт токму за денот на вљубените:

Потребни состојки:

  • ¼ шолја путер (омекнат, на собна температура)
  • 1/3 шолја и 3 лажици кафеав шеќер
  • 1 ½ шолја цреши (можете да употребите и замрзнати, притоа да го оставите сокот од нив)
  • 1/3 шолја брашно
  • ¼ шолја какао
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • ¼ лажичка сол
  • 1 жолчка од јајце
  • 3 лажици млеко
  • ¼ шолја слатка павлака
  • 2 лажички рум


Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете по една лажица путер, 1 лажица кафеав шеќер и ½ лажичка сок од црешите на дното од двата сада во кои ќе го готвите десертот. Ставете ги во микробранова за да се растопат путерот и шеќерот и наредете ги црешите збиени една до друга.

Во мал сад измешајте ги заедно брашното, какаото, прашокот за печиво и солта. Измешајте ги заедно со 2 лажици путер и 1/3 шолја кафеав шеќер додека не добиете компактна смеса. Додадете ги жолчката и млекото и повторно мешајте. Поделете го тестото во двата сада.

Ставете ги двата сада во рерна и печете ги околу 30-на минути. Оставете ги да се оладат околу 20-на минути. Во меѓувреме, направете шлаг од слатката павлака и во неа ставете една лажица кафеав шеќер и рум.

Извадете го десертот на рамна чинија и на него ставете го шлагот.

Уживајте во неверојатно романтичен десерт!

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Орео колач во микробранова, готов за 5 минути Вкусен чоколаден колач со Орео кој се топи во устата и се подготува во микробран...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за пита со јаболка како од McDonald’s Доволно е да прочитате „пита со јаболка од McDonald’s“ и веднаш во устата да го ...
Вртени кифлички со лук и путер, меки „како душа“ Тестото е меко како душа, а вкусот - фантастичен... Па, зошто уште денес да не п...
Една од најзгодните Турчинки го сподели рецептот за омилениот појадок – Како се прави менеман? Знаете ли кој е омилениот појадок на убавата Туба Бујукстун? Погледнете што сака...
Мини мафини со банана и цимет, одличен десерт за секоја сезона Ако бананите дома почнаа да ви омекнуваат, наместо да ги фрлите, искористете ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg