Предлог ручек: Печено пилешко „Empire“ по рецепт на Џејми Оливер

Ова е еден од ручеците кои ќе ги обожавате, затоа што „самиот се готви“. Подготовката е едноставна, а сочниот вкус, пријатно ќе го изненади целото семејство.

Peceno_Pilesko_Empire.jpg

Љубителите на индиска храна посебно ќе се вљубат во комбинацијата на сочно печено пилешко месо и силни ароматични зачини.

Можете да го следите оригиналниот рецепт на Џејми Оливер, или да го поедноставните, со печење на пилето во тавче.

Резултатот е секако одличен, бидејќи ова е гурмански ручек со кој ќе ги воодушевите најблиските. Гарантирано ќе лижете прсти и ќе го направите уште неколку пати.

Потребни состојки:

  • 1 пиле со средна големина, околу 1500g
  • 1 лажица густо доматно пире
  • 1 лажица свеж сечкан лук
  • 1 лажица свеж рендан ѓумбир
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 мала лажичка коријандер
  • 1 мала лажичка куркума
  • 1 мала лажичка кумин
  • 1 мала лажичка кардамом
  • 2 мали лажички морска сол
  • 2 мали лажички јогурт
  • Малку цимет и црн бибер
  • 1 лимон

Подготовка:

Во подлабоко тавче за печење измешајте ги сите наведени состојки, со исклучок на лимонот.

Ставете си тенки ракавици и со смесата односно, маринадата, добро намачкајте го пилето однадвор и во внатрешниот дел.

Ставете го лимонот да се вари во вода, 10-15 минути. Внимателно извадете го, и со остар нож прободете го 3-4 пати. Пикнете го лимонот во внатрешниот дел на пилето.

Тој ќе му даде неверојатна свежина на месото.

Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 1 час и 30 минути.

Peceno_Pilesko_Empire_2.jpg

Немојте да се загрижите поради црната испечена кожа на пилето, воопшто не е изгорено.

Сервирајте со компири, свежа салата или други додатоци по желба.

Пријатен ароматичен ручек:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прсти да излижете: Крцкаво, зачинето пилешко месо од Air Fryer Како да подготвите вкусни крцкави пилешки надкопанчиња во Air Fryer? Како да ...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Брзо пилешко гиро од Air Fryer – готово за 30-тина минути Како да подготвите вкусно гиро во домашни услови? Потребни ви се неколку состојк...
Пикантни тестенини со путер од кикиритки и чили, готови за 10 минути Ако сте љубител на пикантни јадења со необичен вкус, тогаш мора да ги пробате ов...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Ќе барате уште едно парче: Брза торта со бисквити и афион Од оваа смеса може да се прават и бомбици и бајадери, а оваа брза торта ќе ве ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg