Рецепт на денот: Похован кромид со стопен кашкавал во него

Има ли подобра комбинација од похован кромид и ладно пиво? Секако дека нема. Уште ако во средината има растопен кашкавал...

Najubaviot-pohovan-kromid-koj-mozete-da-go-podgotvite-i-doma-01

Сите вие кои се сложувате со горенаведеното продолжете да читате зошто во продолжение следи рецептот после кој ќе научите како да го правите највкусниот похован кромид сами.

Иако навидум сето тоа изгледа сложено, во суштина постојат неколку трикови кои значително ги олеснуваат работите и вашето одлично мезе ќе биде готово за само 15-20 минути.

Состојки:

  • 2 поголеми кромиди
  • 3-4 парчиња моцарела (или омилениот кашкавал)
  • 2 чаши брашно
  • 5 јајца
  • 2 чаши лебни трошки
  • масло за пржење
  • сос по ваш избор

Начин на подготовка:

Убаво исчистете го кромидот и исечете го а прстени со дебелина од 1cm.

Исечете ја моцарелата на ленти и поставете ја помеѓу два прстени кромид.

Откако ќе го направите ова со сите прстени кромид оставете ги во фрижидер околу 1 час.

Секој прстен со кромид и моцарела најпрвин извалкајте го во брашно, па во јајца и на крај во лебни трошки. Потоа повторете ја постапката но овој пат без валкање во брашно, односно уште еднаш во јајца па во лебни трошки.

Пржете на загреано масло неколку минути, односно додека не добијат златно-кафеава боја.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
Вкусно предјадење или додаток: Потпечен зачинет карфиол во Air Fryer Пазарите се преполни со крафиол. Освен што можете да го испохувате или да го ста...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за брз ролат со банани и Нутела, кој им успева на сите Банани и Нутела – постои ли подобра комбинација за вкусен десерт? Банани и Ну...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg