Брза зимница: Сушени домати во маслиново масло

Доколку подготовката на класична зимница ви претставува огромен напор, а сепак сакате да стокмите неколку тегли и да се почувствувате домаќински, ви нудиме лесен рецепт – зачинети сушени домати во маслиново масло.

Aromaticni-susheni-domati-vo-maslinovo-maslo-01.jpg

Доматчињата ќе ви се најдат врз пица, брускети или со тестенини. Совршено одат и во комбинација со фета сирење или моцарела, како и во сендвичи.

Aromaticni-susheni-domati-vo-maslinovo-maslo-02.jpg

Потребни состојки за тегла од 250ml:

  • 15-20 шери домати
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица мајчина душица (или оригано)
  • 1 лажица рузмарин
  • 3 лажици + дополнителни 200ml маслиново масло
  • 1 лажица шеќер
  • Малку сол

Подготовка:

1. Измијте ги доматите и пресечете ги на половина.

2. Наместете ги доматите врз хартија за печење во плех со исечената страна нагоре. Попрскајте ги со 3 лажици маслиново масло, додадете шеќер, сол, мајчина душица и рузмарин.

3. Загрејте ја рерната на 100 степени и сушете ги доматите 4-6 часа. Имајте предвид дека времето на сушење и температурата може да варираат во зависност од моќноста на вашата рерна и големината на доматите.

4. Во чиста и стерилизирана тегла истурете 200ml маслиново масло. Додатете уште малку од зачините (оригано, мајчина душица, рузмарин) и лукчињата. Додадете ги сушените домати.

Откако добро ќе се олади, чувајте ја теглата во фрижидерот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Како да подготвите јемиста, полнети домати, по традиционален грчки рецепт (чекор по чекор упатство)? Како да направите вкусни полнети домати со мелено месо и ориз? Идеално летно јад...
Викенд мезе: Крцкави пилешки прсти од рерна, готови за 30-тина минути Крцкавите пилешки прсти се омилени за мезе или како предјадење, а наместо да ги ...
Редена еклер торта што не се пече, со фил од јаболка и ванила Омиленото есенско овошје се јаболката, а од оваа лесна торта сите ќе бараат парч...
Фенси бранч оброк готов за 15 минути: Потпечени јајца „Салса верде“ Ако сакате да ги изненадите домашните или пријателите со фенси бранч, ви препора...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg