3 начини да подготвите неверојатно вкусни и корисни оброци со новиот Битолски ГУСТ јогурт

На задоволство на сите сладокусци, од неодамна Бимилк создаде нов оригинален вкус и го претстави новиот Битолски густ јогурт. Сега сите гурмани ќе можат да уживаат во идеалната густина и исклучителната крем-структура која остава незаборавен вкус.

3-nacini-da-podgotvite-neverojatno-vkusni-i-korisni-obroci-so-noviot-bitolski-gust-jogurt-1_copy.jpg

Но, покрај интензивниот и незаборавен вкус, Битолскиот густ јогурт е и значително корисен за здравјето. Спојувајќи го убавото и корисното, Бимилк создаде вкусен јогурт кој истовремено и пријатно му влијае на организмот.

Имено, густиот јогурт содржи корисни бактерии кои се задолжени за ферментацијата и го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Битолскиот густ јогурт е исто така полн со витамини и минерали и е одличен извор на протеини,  калциум, калиум, магнезиум, фосфор, јод, цинк и витамини Бе5 и Бе12. Поради ваквиот состав и сите овие корисни состојки, Битолскиот густ јогурт има благопријатно дејство на организмот со тоа што помага во намалувањето на крвниот притисок, ја регулира работата на цревната флора и го смирува желудникот. Поради калциумот кој го содржи, густиот јогурт уште и ја чува и ја одржува функцијата на коските.

Поради сиве овие придобивки вкусниот густ јогурт е исклучително корисен за консумирање на дневно ниво, а поради својата крем-структура може да се користи и за подготовка на омилените сосови, салати, десерти, како и во комбинација со разни други видови храна со кои се надополнува.

Во продолжение ви претставуваме 3 интересни рецепти за здрави и вкусни оброци кои можат да се приготват со Битолски густ јогурт.

Зимски сладолед за целото семејство

Битолскиот густ јогурт со својата крем-структура го прави овој сладолед лесен и освежителен, а, сепак, многу хранлив и здрав.

  • 200 мл густ јогурт
  • 10-15 урми
  • 10-15 суви сливи
  • 1 лажица мед
  • Прстофат цимет

Изблендирајте ги сувите сливи и урмите со јогуртот и на крај додадете го медот и циметот. Сладоледот ставете го во фрижидер 15-тина минути за да се спојат вкусовите, а потоа уживајте во овој зимски десерт.

3-nacini-da-podgotvite-neverojatno-vkusni-i-korisni-obroci-so-noviot-bitolski-gust-jogurt-2.jpg

Бомбици со јогурт за енергичен почеток на денот

И традиционалните бомбици можат да добијат уникатен вкус и пријатно да влијаат на здравјето доколку ги подготвите со Битолски густ јогурт.

  • 150 мл густ јогурт
  • 200 гр мелени овесни снегулки
  • Ситно сечкано суво овошје по ваш избор
  • 1 цеден портокал
  • 1 лажица мед
  • 100 гр мелени лешници

За да ги подготвите бомбиците, измешајте ги јогуртот, овесните снегулки, сувото овошје, цедениот портокал и медот. Оформете ги бомбиците и извалкајте ги во мелените лешници.

3-nacini-da-podgotvite-neverojatno-vkusni-i-korisni-obroci-so-noviot-bitolski-gust-jogurt-1.jpg

Свежа салата со дресинг од јогурт за детокс во зима

Иако некои ја сметаат свежата салата за лесна храна, нејзината хранлива вредност благодарение на Битолскиот густ јогурт е на многу повисоко ниво и е препорачливо да се консумира во секој период од годината како здрав оброк.

  • 1 марула
  • ½ краставица
  • 1 морков
  • 2 `рдокви
  • 1 млад кромид

За дресингот:

  • 2 лажици свеж сок од лимон
  • 1 лажица оцет
  • 1-1½ лажичка шеќер
  • 2 чешниња лук ситно сечкани или изблендирани
  • ½ шолја густ јогурт
  • 1/3 шолја ладно цедено маслиново масло
  • ½ лажичка сол
  • Прстофат бибер
  • ½ лажичка сушен копар

Ставете ги сите состојки за дресингот во еден сад и измешајте ги за да се соединат. Дресингот можете да го ставите во фрижидер и да го користите во следните 3-4 дена. Кога ќе сакате да ја направите салатата, ставете го зеленчукот (марула, краставица, морков, `рдокви, млад кромид) и прелијте со претходно подготвениот дресинг.

3-nacini-da-podgotvite-neverojatno-vkusni-i-korisni-obroci-so-noviot-bitolski-gust-jogurt-3.jpg

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја веб-страницата: www.bimilk.mk или фејсбук-страницата на Бимилк.

Би можело да ве интересира:

Лесен и вкусен колач со јагоди Колачот со јагоди и јогурт е најбрзиот и најлесниот што некогаш ќе го направите....
Фенси бранч оброк готов за 15 минути: Потпечени јајца „Салса верде“ Ако сакате да ги изненадите домашните или пријателите со фенси бранч, ви препора...
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
3 пролетни салати со рукола што заменуваат оброк Руколата има карактеристичен вкус и често се користи во салати, сендвичи и како ...
Ќе барате уште едно парче: Торта од редени палачинки и фил со Нутела крем Торта од палачинки со фил од Нутела... Звучи примамливо нели? Погледнете како да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg