Креативен ручек: Солени гнезда од компир и пилешко

Ова е еден од рецептите кој освен што има одличен вкус, ќе биде и совршен украс на секоја трпеза благодарение на впечатливиот изглед.

dekorativen-rucek-soleni-gnezda-od-kompir-i-pilesko-01.jpg

Послужете го како предјадење или додаток на главното јадење и нема да погрешите.

Постапката е неверојатно лесна, а одличниот вкус е загарантиран.

Состојки

  • ½ kg компири
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 јајце
  • 50-70 g кашкавал
  • 200-250 g ситно сечканo пилешко месо

Начин на подготовка

Сварете ги компирите и изгмечете ги. Додадете ги јајцата и направете пире, матејќи со миксер. Оставете да се олади.

Исечкајте го ситно кромидот, издинстајте го, па додадете го сечканиот лук и исечканото пилешко. Динстајте додека смесата не биде готова, односно месото не зарумени.

На плех ставете хартија за печење и премачкајте ја со малку масло или путер. Со помош на слаткарски шприц од пирето формирајте ги гнездата, кои ќе ги наполните со филот од пилешко месо.

Врз добиените гнезда ставете рендан кашкавал и печете ги во загреана рерна на 180 °C, околу 25-30 минути.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викенд ручек: Мусака ролат со мелено месо и растопен кашкавал Како да подготвите вкусен ручек со којшто ќе ги изненадите домашните? Пробајте г...
Лесен и вкусен колач со јагоди Колачот со јагоди и јогурт е најбрзиот и најлесниот што некогаш ќе го направите....
Вкусен колач без печење со ресана и Кока-кола Сакате да пробате нешто ново, а вкусно? Погледнете го видео-рецептот за колач со...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg