Предлог појадоци против мамурлак

После напорното излегување до рани утрински часови, доаѓа мамурлакот.

predlog-pojadoci-protiv-mamurlak-1.jpg

Ни малку не е пријатен и посакуван, но кога веќе е доцна за спречување, излечете го со соодветен појадок.

Овие појадоци ќе ви помогнат побрзо да се опоравите:

Банани или киви, како и друго овошје богато со калиум. При пиењето алкохол губиме многу електролити, кои треба да ги надоместиме со соодветни намирници.

Кисели краставички, бидејќи се богати со витамин А, витамин К, железо, калциум, манган и калиум, односно хранливи вредности кои ги намалуваат симптомите на гадење и мамурлак.

Јајцата се преполни со аминокиселини кои ја поттикнуваат работата на црниот дроб.

Доматите се одличен извор на ликопен, антиоксиданс кој позитивно влијае на воспаленијата во телото.

Ѓумбирот е одличен во борбата против мачнини.

Јаткастите плодови, посебно засолените, може да доведат рамнотежа на нивото на шеќер во крв, кој обично е превисок после консумирање на алкохол.

Пилешката супа исто така ќе ги надомести изгубените хранливи вредности и течности после пијанството.

Топлата чинија овесна каша е богата со витамин Б, калциум, магнезиум и железо. Овесот ви помага да добиете и енергија.

И секако, многу вода, бидејќи телото е дехидрирано.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за јајце на око по кое полуде светот, има 14 милиони прегледи на ТикТок - Дали би го пробале? Необичното јајце на око, кое се подготвува со тортиља и фета сирење, стана толку...
Лесен рецепт за фалафел - крцкави ќофтиња од наут Во речиси сите ресторани каде што служат здрава храна на менито може да го забел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg