Десерт на денот: Кремаст Монте колач


Десерт на денот: Кремаст Монте колач

Монте колачот е десерт за кој вреди да одвоите малку време и да го подготвите со мерак. Бидејќи уживањето не се опишува со зборови.

desert-na-denot-kremast-monte-kolac-01.png

Кремаст е, лесен и не е комплициран за правење, затоа нема да погрешите ако го пробате уште денес:

Потребни состојки:

За бисквит

  • 3 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 3 лажици топла вода
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици какао
  • ½ прашок за печиво

Бел крем

  • 600ml млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 6 лажици густин
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 20g бело чоколадо
  • 150g маргарин

Темен крем

  • 200g темно чоколадо
  • 100g млечно чоколадо
  • 500ml слатка павлака

Прелив

  • 50ml млеко
  • 2 полни лажици Несквик или Нескафе

Подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот додека не добиете пенеста смеса, па додадете ја водата и продолжете да матите. Додадете ги сите останати состојки за тестото додека не се изедначат.

Печете на 180 степени околу 20 минути.

Печениот бисквит прелијте го со преливот од млеко во кое сте додале Несквик или Нескафе.

За белиот крем одвојте неколку лажици млеко со кои ќе го изматите густинот. Во преостанатото млеко ставете го шеќерот, затоплете го и додадете го густинот. Варете додека не добиете густа смеса.

Во жешкиот крем ставете го чоколадото и ванилиниот шеќер. Покријте со проѕирна фолија и оставете да се лади.

Откако ќе се излате кремот, додадете го матениот маргарин.

За темниот крем ставете ја слатката павлака на оган, додадете ги двете чоколада и мешајте додека не се истопат. Оставете да се лади барем 2 часа.

Ако сакате кремот да биде посладок, може да додадете 1-2 лажици шеќер.

Изладениот бисквит премачкајте го со белиот, па темниот крем. Темниот може и да го нанесувате со готварски шприц заради декорација.

desert-na-denot-kremast-monte-kolac-02.jpg

 desert-na-denot-kremast-monte-kolac-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Десерт на брзина: Колаче од кокос и ореви Лесните и кремасти колачи и торти се десерти кои луѓето секогаш ги претпочитаат ...
Десерт на денот: Куглов торта од која тече чоколадо На љубителите на благо, никогаш не им е доста од нови вкусни десерти. На љуби...
Крцкав Фереро Роше колач полн со чоколадо Кога ќе прочитате Фереро Роше, веќе го имате чоколадниот, крцкав вкус во уста, к...