5 најчести грешки кои ги правите со супата

Иако се чини дека најлесен ручек што може да го направите е супата, сепак има некои работи кои постојано ги грешите и за кои постојано добивате забелешки.

5-najcesti-greski-koi-gi-pravite-so-supata-01

1. Ја варите на превисока температура

Од желба за побрзо да биде готов ручекот, ја вклучувате ринглата на максимум и во тој случај сè може да биде суво или преварено. За да го добиете најубавиот вкус на секоја состојка внатре, потребно е да ја варите на пониска температура. Јачината би требало да биде таква што во текот на целото варење на површината повремено ќе се појавуваат по едно до две меурчиња, а не да клокоти и да се прелева.


2. Недоволно сол

Во супата ништо друго не е толку важно, како мерката за сол. Затоа, додека се вари, како што ги додавате состојките, пробувајте ја одвреме - навреме за да знаете колку мешан зачин или сол ви е потребно. Верувајте му на својот вкус, повеќе отколку на рецептот.


3. Доволна е водата

Некои задолжително во водата, покрај зачинот и зеленчукот додаваат говедска или пилешка коцка за супа. Но, тоа не ви е неопходно. За да добиете поспецифичен вкус, кон крајот на варењето додајте малку кора од пармезан.


4. Преварување на зеленчукот

Иако повеќето знаат заедно со водата и месото да го додадат и зеленчукот, тоа е грешка. На зеленчукот не му треба толку време да се вари, колку што му треба на месото, па на крајот може да го изгуби целосно вкусот заради преварување. Најдобро е да го додадете 5 минути пред крајот.


5. Зачини кои не одговараат

Не може сè што ќе ви дојде при рака да ставате во супата, со цел да добиете поинтересен вкус. Мора да знаете точно кои зачини со кои состојки одговараат. Сигурно не може да додадете цимет или кари во супата.

Ако сакате поспецифичен вкус, за бистрите супи најдобри додатоци се билните зачини кои немаат многу силен вкус и мирис, додека за крем супите одлични додатоци се јогуртот и млекото.

Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Идеи за појадоци за рамен стомак (кои ќе ве држат сити) Појадокот е најважниот оброк во денот и треба да биде полн со протеини, витамини...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg