Ова се сите тајни на совршениот појадок

Какво чувство ви се појавува во стомакот кога ќе погледнете фотографија од еден совршен појадок на Интернет откако сте го изеле својот?

ova-se-site-tajni-na-sovrseniot-dorucek-01.jpeg

Доколку не наликува воопшто на него, сигурно тешко и нездраво, нели?

Зошто тогаш не се обидете да го подготвувате секое утро вашиот совршен појадок кој ќе ви го забрзува организмот, ќе ги топи колограмите и ќе ве засити со лесни намирници?

Ова се сите тие тајни на еден совршен појадок кои треба да ги знаете доколку се одлучите секој ден да појадувате лесна храна која ќе ви ја подобри работата на организмот.


Наместо кафе, подгответе чај

Доколку сакате да ослабете, а воедно и да го намалите внесувањето на кофеин во организмот, за промена наместо кафе на масата поставете шолја топол чај.

Се препорачува да е зелен или црн, кој го чисти телото и ги топи килограмите.

ova-se-site-tajni-na-sovrseniot-dorucek-3


Наместо купечки, пригответе домашни мусли

Наместо да купувате веќе приготвени, иако не се лоши, сепак започнете го денот креативно и подгответе свои кои ќе бидат уште подобри.

Може да ставите ореви, малини, овес, суво грозје, банани, смокви...Изборот е бесконечен!

ova-se-site-tajni-na-sovrseniot-dorucek-4

 
Наместо палачинки или омлет, подгответе салата

Зошто наутро да го преоптоварите организмот со палачинки или омлет кога може да го заситите со салата од овошје или зеленчук?

Јадење на убаво сочно јаболко или јаготки во јогурт не се исклучок со кој може да ги замените палачинките и омлетот.

ova-se-site-tajni-na-sovrseniot-dorucek-5

 
Декорирајте го појадокот со една чаша јогурт

Внесете протеин во утринската исхрана и пијте по една чаша јогурт секое утро.

Доколку сакате да го комбинирате со овошје или зеленчук како на пример крставички или јагоди, нема да погрешите во изборот. Не само што изгледа добро, туку и на организмот ќе му дојде одлично!

ova-se-site-tajni-na-sovrseniot-dorucek-6

 
За промена прошарајте со лесна водена храна

Доколку имате побавен метаболизам наутро може да го забрзате со внесување на лесна водена храна како што е супата.

Иако е можеби малку необичен појадок секогаш добро ќе ви дојде и вас и на вашиот стомак.

ova-se-site-tajni-na-sovrseniot-dorucek-7


Јадете со позитивна мисла!

Доколку ги користите тајните на совршениот, лесен појадок сигурно нема да добиете килограми плус, па затоа не гледајте на оброкот како на нешто што ве дебелее.

Јадете го со позитивна мисла размислувајќи за новиот ден, наместо за килограмите, тие самите ќе се намалат.

ova-se-site-tajni-na-sovrseniot-dorucek-8

Веќе од помислата како започнувате да се храните според овие тајни се чусвтвувате поздраво и полесно, нели?

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
12 кујнски алатки и трикови од Французите, кои ќе им послужат на сите домаќини и домаќинки Француската кујна е една од најпрочуените во светот, а жителите нa оваа држава с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg