Само една рака од овие семки дневно може да направи чудо за вашето тело

Често не советуваат да ги избегнуваме грицките, но тие не мора да бидат секогаш лоши. Пример, семките од тиква се грицки кои може истовремено да ви бидат вкусни и здрави.

samo-edna-raka-od-ovie-semki-dnevno-moze-da-napravi-cudo-za-vaseto-telo-01.jpg

Тиквите сами по себе се здрави, а нивните семки содржат големи количини на магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.

Семките можете да ги јадете сирови или потпечени во рерна. Вкусни се и како додаток во салатите, супите и сосовите, а ова се само неколку причини зошто ќе почнете да ги консумирате уште денес:

1. Превенција против рак

Докажано е дека содржат соединенија кои успешно се борат против канцерогените клетки и имаат антивоспалително дејство, па со тоа ги намалуваат шансите за рак за цели 23%.


2. Ги ублажуваат симптомите на менопауза

Семките од тиква ги регулираат нападите на топлина, главоболките, ја намалуваат болката во зглобовите и им помагаат на луѓето кои се склони кон нагли промени на расположението.


3. Го намалуваат холестеролот

Имаат моќ да го намалат лошиот холестерол за 13%, а покрај тоа го намалуваат ризикот од настанување на крвни згрутчувања, мозочен и срцев удар преку тоа што го регулираат крвниот притисок.

samo-edna-raka-od-ovie-semki-dnevno-moze-da-napravi-cudo-za-vaseto-telo-02.jpg

4. Штитат од дијабетес

Богати со здрави незаситени масни киселини, семките од тиква се ефикасни и за регулирање на шеќерот. Затоа на дијабетичарите им се препорачува секојдневно консумирање.


5. Помагаат во слабеењето

Заради тоа што се богати со влакна и протеини, подолго ќе ве држат сити.


6. Се борат со депресијата

Не само што го подобруваат физичкото здравје, туку имаат благотворно дејство и на психичкото. Семките за брзо време може да ви ги намалат симптомите на депресија, стрес и анксиозност.


7. Спречуваат настанување на остеопороза

Семките се одличен извор на цинк, минерал кој им е неопходен на коските. Само ¼ шолја семки од тиква содржи 17% од препорачаната дневна количина цинк.

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Зеленчук и овошје што најчесто го сечеме погрешно (и несвесно му го менуваме вкусот) Гранчињата од брокулата не треба да се фрлаат туку да се јадат, јаболкото не се ...
Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавести...
Идеи за појадоци за рамен стомак (кои ќе ве држат сити) Појадокот е најважниот оброк во денот и треба да биде полн со протеини, витамини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg