Храна која не смеете да ја консумирате на празен желудник

Кога сме гладни, односно имаме празен желудник, знаеме да посегнеме по храна која не е најдобар избор бидејќи одредени намирници се штетни кога ги консумираме на празен желудник.

hrana-koja-ne-smeete-da-ja-konsumirate-na-prazen-zeludnik-1.jpg

На овој начин само дополнително го надразнуваме желудникот и го отежнуваме неговото правилно функционирање.

За да ја избегнете ваквата грешка, обидете се да не ги консумирате следниве намирници кога желудникот ви е празен:

1. Лиснато тесто

Храната која содржи квасец ја иритира слузокожата на желудникот и може да предизвика надуеност.

2. Благо

Шеќерот го зголемува нивото на инсулин со што значително се зголемува притисокот врз панкреасот кој само што се „разбудил“. Навиката да се консумира благо на празен желудник може да доведе до развој на дијабетес.

3. Јогурт и други ферментирани млечни производи

Кога пиеме јогурт на празен желудник, хлороводородната киселина, која се создава во желудникот, ги убива бактериите и млечните киселини. На овој начин со пиењето јогурт наутро воопшто нема да му помогнете на вашиот организам.

4. Круши

Природните влакна на крушите може да ѝ наштетат на осетливата мембрана на желудникот кога тој е празен.

5. Домати

Доматите содржат голема количина танинова киселина која ја зголемува киселоста на желудникот, што може да доведе до создавање на чир на желудникот.

6. Свежи краставици и друг зелен зеленчук

Сировиот зеленчук е богат со аминокиселини. Меѓутоа тој може да предизвика и киселини, надуеност и болки во стомакот, особено кога се консумира на празен стомак.

7. Банани

Внесувањето на банани на празен желудник го зголемува нивото на магнезиум во крвта, што може да биде штетно за срцето.

8. Лути зачини

Зачинетата храна може да ја оштети или надразни слузокожата на желудникот, но и да го зголеми создавањето на желудочна киселина. Тоа, пак, може да доведе до развој на здравствени компликации во дигестивниот систем.

9. Ладни газирани пијалаци

Пиењето ладна газирана вода наутро може да ја оштети слузокожата на желудникот и да го намали протокот на крв во стомакот. Како резултат на тоа храната се вари многу побавно.

10. Цитрусно овошје

Цитрусното овошје содржи овошни киселини, кои доколку ги внесете на празен желудник може да предизвикаат горушица и да го зголемат ризикот од гастритис и чир на желудникот.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Суво овошје што не треба да го консумирате на празен стомак (без да го комбинирате со друга храна) Многу е важно како ќе го започнеме денот, а здравата исхрана може да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg