5 вечерни навики кои ве дебелеат

Од некои навики е навистина тешко да се откажеме, но доколку сакате да му помогнете на вашиот организам да се избори со вишокот на килограми, потребно е да обрнете малку повеќе внимание на она што го внесувате во текот на вечерата.

5-vecherni-naviki-koi-ve-debeleat.jpg

Во продолжение погледнете кои вечерни навики ве дебелеат и зошто.

Не спиете доволно

Неспиењето предизвикува дополнителен замор. Заморот пак го забавува вашиот метаболизам. Дополнително на ова, кога не спиете доволно чувствувате повеќе глад, а истовремено поради заморот не сте способни да вежбате.

Се прејадувате за време на вечерата

Кога јадете премногу за вечера вашиот дигестивен систем се забавува, а тоа се случува особено во текот на ноќта. Доколку планирате да гледате телевизија, не го правете тоа. Пред телевизорот секогаш јадете повеќе од вообичаено.

Легнувате да спиете веднаш по вечерата

Една од најголемите грешки која ја правиме е тоа што одиме на спиење веднаш по вечерата. Заспивањето по оброк го забавува дигестивниот систем, па тој ја вари храната многу поспоро од вообичаено. Од таа причина на вашето тело се лепат повеќе масти.

Вечерате пржена храна

Ова е навистина погрешен чекор доколку имате проблеми со телесната тежина. Пржениците доаѓаат во комплет со премногу калории. Кога ваквиот тип на калориски бомби ги внесувате навечер, вашиот организам нема доволно време за да ги свари. Пржената храна може да ви го отежне и спиењето.

Јадете житарици за вечера

Не ни помислувајте. На овој начин преку житарките вие внесувате дополнително ниво на енергија која реално не можете да ја искористите додека спиете. Овој тип на оброк содржи навистина големо количество на рафинирани шеќери кое потребно веднаш да ги согорите, а не да ги оставите „да спијат“.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 чести кулинарски грешки што сите самоуверени домаќинки ги прават (а не треба) Јајцето го кршите од работ на садот, па внатре ви паѓаат лушпи, не пробувате дал...
4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Намирници кои никогаш не треба да ги консумирате сирови (и зошто) Сите знаеме дека треба да избегнуваме сурово месо и јајца. Сепак, постојат и мно...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg