5 прашања кои откриваат дали сте навистина гладни

Пред занесно да се „нафрлите“ на првиот оброк што ви е при рака, само затоа што сте убедени дека вашето тело има неизмерна потреба од храна, постојат неколку факти што треба да ги земете предвид.

5-prashanja-koi-otkrivaat-dali-ste-navistina-gladni-1.jpg

Отвoрате кесичка со чипс, само за да каснете малку додека ја гледате серијата или филмот? Па, потоа и чоколадо или сладолед, дури сте внесени во дејството? Звучи како познато сценарио, нели?

Ако често се наоѓате во ситуации кога постојано нешто „грицкате“, тогаш таквата навика веќе не е ни здрава, a ни забавна, затоа што доведува до дебелеење, но и многубројни здравствени проблеми.

5-prashanja-koi-otkrivaat-dali-ste-navistina-gladni-2.jpg

Како да препознаете кога вашето тело има реална потреба од храна? Обидете се да одговорите на следните пет прашања:

1. Кога последен пат сте јаделе?

Секому му се има случено да се почувствува гладно, многу брзо по оброкот. Сепак, тоа нема врска со здравјето, туку со видот на храната која ја консумирате. Што се однесува до временскиот интервал, потребно е да пројде најмалку 2 до 3 часа помеѓу секој оброк, советуваат нутриционистите. Доколку сте навистина гладни, а веќе сте јаделе пред кусо време (30 минути до 1 час), тоа значи дека на мени сте имале нешто што не ве заситува. Храната богата со растителни влакна и протеини подолго се обработува, а подолго и ве држи сити. Размислете за тоа пред идниот оброк. Каснете салата со пилешко, јогурт со боровинки или лосос со свеж зеленчук за подолготрајно чувство нa ситост.

5-prashanja-koi-otkrivaat-dali-ste-navistina-gladni-3.jpg

2. Дали сте раздразливи?

Американците го воведоа новиот поим „hangry“, кој е комбинација од зборовите „hungry“ како гладен, односно „angry“ како лут. Следниот пат кога ќе се чувствувате лошо и раздразнето, размислете добро за тоа кога последен пат сте каснале нешто. Кркорењето во стомакот, нервозата и главоболките се знак дека е време за оброк.

5-prashanja-koi-otkrivaat-dali-ste-navistina-gladni-4.jpg

3. Дали сте жедни?

Мноштво луѓе ги поистоветуваат жедта и гладта, грешејќи притоа во проценката. Но, понекогаш и навистина е тешко да се препознаат. Затоа, испијте една голема чаша вода и причекајте 10 минути. Ако „гладта“ ја снема, тогаш ќе знаете во што била работата.

5-prashanja-koi-otkrivaat-dali-ste-navistina-gladni-5.jpg

4. Ќе ја гледате ли наскоро омилената серија?

Иако грицкањето чипс е една од вообичаените навики во светот, ниту е добра, ниту, пак, здрава. Обидете се да го прилагодите своето тело, така што нема да јадете додека гледате телевизија. Искрено, нема да биде лесно и сигурно ќе ви бидат потребни неколку седмици, но во меѓувреме одлучете се за гума за џвакање или леден билен чај како алтернативи.

5-prashanja-koi-otkrivaat-dali-ste-navistina-gladni-6.jpg

5. Дали сте под стрес?

Ако во бес ја растргнувате кесичката со чипс, или, пак, јадете слатки како да нема утре, само затоа што се наближува важен рок за исполнување на обврските, или, пак, поради расправијата со блиска личност, тогаш познато ви е чувството. Без оглед на тоа што грицкањето храна ќе ве опушти во дадениот миг, сепак, тоа не е вистинскиот начин за смирување. Брзата прошетка или петминутната медитација се поздрави навики, а и повеќе ќе ви помогнат во управувањето со расположението.

5-prashanja-koi-otkrivaat-dali-ste-navistina-gladni-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...
Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg