6 производи кои треба да ги замените за никогаш повеќе да не држите диети

За да ослабете и потоа да ја одржите посакуваната тежина, сигурно знаете дека треба да се откажете од некои видови храна, да ги намалите порциите, па некогаш дури и да гладувате.

zamenete-gi-ovie-6-proizvodi-i-namalete-na-kalorii-vo-ishranata-01.fw.jpg

Но, ништо од ова не претставува задоволство, туку измачување.

Сепак, постои начин да не биде тоа така и одвреме-навреме да си дозволите некој десерт или грицки, а тоа да не значи дека ќе внесете премногу калории.

За овие неколку намирници по кои копнеете, а имаат многу калории, постојат алтернативи кои се поздрави и можете да ги консумирате кога ќе имате желба:

Овошен сладолед наместо чоколаден

Oмилениот наш десерт во лето, кога е напраен со млеко и чоколадо е многу помасна опција. Но, овошниот сладолед, иако е малку поразличен, сепак има сладок вкус, а е полесен и помалку калоричен.

zamenete-gi-ovie-6-proizvodi-i-namalete-na-kalorii-vo-ishranata-02.jpg

Туна во сопствена течност наместо во масло

Туната е исто така корисна бидејќи содржи протеин, но за тој да биде подобро поделен и сварен, најдобро е да ја јадете туната посебно, во нејзината течност, отколку во било какво масло.

zamenete-gi-ovie-6-proizvodi-i-namalete-na-kalorii-vo-ishranata-03.jpg

Пуканки наместо мешавина од јаткасти плодови

Иако се превкусни, сепак е подобро кога сакате да грицкате, јаткастите плодови да ги замените со пуканки кои сами ќе си ги направите и ќе знаете колку се мрсни и солени.

zamenete-gi-ovie-6-proizvodi-i-namalete-na-kalorii-vo-ishranata-04.jpg

Овошје наместо колачи

Кога ќе ви се пријаде благо веднаш посегнувате по колачи, но тие само содржат повеќе шеќер кој не ви е потребен ако слабеете. Наместо тоа, земете овошје кое секако ги содржи потребните витамини, а и доволен број на шеќери за да ви ја задоволи потребата за благо.

zamenete-gi-ovie-6-proizvodi-i-namalete-na-kalorii-vo-ishranata-05.jpg

Овесна каша наместо готови мусли

Домашно подготвена овесна каша збогатена со бадеми и овошје е во секој случај подобра опција од готовите мусли кои ќе ги купите. Во нив има додатоци за вкус и шеќери во големи количини.

zamenete-gi-ovie-6-proizvodi-i-namalete-na-kalorii-vo-ishranata-06.jpg

Чипс од зеленчук наместо од компир

Овде сѐ е јасно – чипсот од домашно зготвен зеленчук е многу подобар и поздрав од купечкиот чипс од компир. Витамините кои зеленчукот ги има му се потребни на вашето тело и плус ќе имате вкусни грицки.

zamenete-gi-ovie-6-proizvodi-i-namalete-na-kalorii-vo-ishranata-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети со кои најлесно ќе ги промените лошите навики во исхраната Ако се изгладнувате, вашето тело ќе почне да складира повеќе масти, па постои ри...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
8 чести кулинарски грешки што сите самоуверени домаќинки ги прават (а не треба) Јајцето го кршите од работ на садот, па внатре ви паѓаат лушпи, не пробувате дал...
Калории, количина, хранливи материи - Совети за здрава исхрана на деца, според возраста Како за возрасните, и за малите деца е важно да внесуваат многу овошје и зеленчу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg