8 намирници богати со масти кои ви помагаат да ослабете

Сите масти не се трансформираат во сало и не се „лепат“ во облик на целулит. Затоа, не бегајте од добрите масти, бидејќи може да ви помогнат да останете сити, здрави и во добра форма.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-001.jpg

А, во изобилие ги има во овие 8 намирници кои треба да ги консумирате почесто.

Од друга страна, за споредба, 8 намирници кои треба да ги замените со нивните поздрави варијанти:

Путер – замена – авокадо

Путерот е полн со калории и нездрави масти. Авокадото иако е најмасниот плод во светот, го регулира нивото на холестерол, го стабилизира шеќерот во крвта и го зајакнува имунитетот.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-1.jpg

Салама – замена – лосос

Заради сите додатоци во саламите, тие не се најпаметен избор за вашиот сендвич и за вашата линија. Лососот во комбинација со зеленчук пак, е одличен избор за ручек, полн со влакна и протеини.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-2.jpg

Сланина – замена – јајца

Пржената сланина има 192mg сол по парче, како и 42 калории, што сигурно не е здраво, комбинирано со сите насобрани нездрави масти. Јајцата од друга страна, се одличен извор на витамини, протеини, антиоксиданси и добри масти.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-3.jpg

Пуканки – замена – бадеми

Иако делуваат како да немаат ништо во нив, освен воздух, во 200g пуканки има цели 1.500 калории. Поздрава алтернатива дефинитивно се бадемите кои содржат омега-3 масни киселини, антиоксиданси и одлично ја побиваат желбата за храна.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-4.jpg

Неутрална павлака – замена – јогурт

Кремастите павлаки не се добар избор за вашата линија. Подобро одберете пробиотик како јогуртот, богат со протеини и калциум.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-5.jpg

Сончогледово масло – замена – маслиново масло

Ограничете го консумирањето на маслиново масло на 1 лажичка на ден, а пржењето во него заборавете го. Заменете со маслиново масло кое содржи омега-9 масни киселини, го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот и има позитивен ефект врз кожата и косата.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-6.jpg

Шлаг – замена – сирење

Кога веќе сакате да се почестите со нешто млечно и вкусно, одберете некое сирење како моцарела, тофу или фета. По секоја цена избегнувајте шлаг како додаток кој може да ви го „разубави“ оброкот, бидејќи го накачува нивото на холестерол и воедно е калорична бомба.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-7.jpg

Свинско месо – замена – јагнешко месо

Сите знаеме дека свинското месо е екстремно тешко за обработка и варење, што може да доведе до подуеност. Од друга страна, јагнешкото е одлична замена бидејќи го стабилизира метаболизмот и холестеролот.

8-namirnici-bogati-so-masti-koi-vi-pomagaat-da-oslabete-8.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Тешкотии со слабеење и уште 4 знаци дека треба да јадете повеќе (здрави) масти Мастите во храната често имаат лоша репутација. И покрај она што можеби сте го с...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
6 видови храна кои никогаш не треба да ги носите на плажа Кога станува збор за уживање во денот на плажа, од клучно значење е пакувањето н...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg