6 работи кои успешните луѓе ги практикуваат секој понеделник

6-raboti-koi-uspesnite-lugje-gi-praktikuvaat-sekoj-ponedelnik-01.jpg

Колку и да ја сакаме својата работа, повеќето од нас не ги сакаат понеделниците, но овој ден е особено важен за продуктивноста во текот на целата недела, а повеќето успешни луѓе имаат сличен модел на однесување токму во понеделник.

Се будат рано. Успешните деловни луѓе во недела навечер порано легнуваат за да можат солидно да се одморат и да го стартуваат понеделникот полн со енергија. Одложувањето на алармот никогаш не е добра опција J

Се разгибаваат. Благото неколкуминутно разгибавање во утринските часови е препорачливо за да се поттикне циркулацијата, лачењето на ендорфинот, и да се подигне расположението што е исклучително важно за почеток на напорна работна недела.

Појадуваат здраво. Позитивните нутритивни практики се важни за  успешен работен ден. Поради тоа тие појадуваат здраво, знаејќи дека со прескокнување на најважниот оброк во денот го компромитираат своето добро општо здравје и физичка благосостојба. Натура муслите се без сомнеж извонреден избор за старт на денот. Мешавината од житарици во комбинација со кокос, зрнесто овошје, суво овошје, семки, претставува здрава комбинација на белковини, антиоксиданси, масти и јаглени хидрати. Ваквиот избалансиран оброк дава енергија, но и го снабдува организмот со потребните витамини и минерали. Според нутрционистите муслите имаат 10 пати помалку калории отколку енергетски гранола бар, кој е полн со шеќер.

6-raboti-koi-uspesnite-lugje-gi-praktikuvaat-sekoj-ponedelnik-02.jpg

Порано доаѓаат на работа. Успешните деловни луѓе и натаму го следат верувањето дека оној што станува рано е секогаш во добивка. Ако стигнете порано, ќе имате повеќе време за добра подготовка, решавање на останатите обврски што се провлекуваат и доволно време за важните нешта.  

Секогаш се подготвени на неочекувани обврски. Иако е важно секогаш да се предвидува позитивен резултат од проектите, посветените деловни луѓе се свесни дека по два неработни дена сешто може да се случи, па тие се подготвени дека во понеделник наутро ги чека изненадување и општ неред.

Знаат дека постои и вторник. Да и тоа е важно. Во деловниот хаос лесно е да се поверува дека светот ќе пропадне ако одреден проблем не се реши уште веднаш. Но, кога ќе слегне прашината најчесто се воочува дека некои нешта навистина можеле да причекаат до втоник.

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме) Јапонците имаат едноставен тест за да ги селектираат доматите за сос и оние за с...
Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавести...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg