Проблеми со прекумерната тежина, кои не се поврзани со брзата храна и мрзливоста


Проблеми со прекумерната тежина, кои не се поврзани со брзата храна и мрзливоста

Диети, внимавање на исхрана, вежбање, броење калории – правите сѐ што треба, но резултатите не ги исполнуваат очекувањата.

problemi-so-prekumernata-tezhina-koi-ne-se-povrzani-so-brzata-hrana-i-mrzlivosta-01.jpg

Сепак, не избрзувајте и не се откажувајте веднаш, иако е разочарувачки исодот, бидејќи можеби постои подлабока причина за тоа.

Понекогаш што и да преземете, доколку имате некој здравствен проблем, или пак некоја друга навика за која не сте свесни дека го попречува процесот, залудно е сѐ останато.

Прочитајте кои се можните причини што тежината ви останува непроменета, за кои треба да се замислите:

Хормонални промени

Во текот на животот, женското тело доживува промени во повеќе фази, а сите овие процеси како бременост, породување, менопауза, влијаат на метаболизмот и создаваат прекумерна тежина.

Па, пожелно е постепено да ја зголемувате физичката активност, да правите по неколку вежби, но не претерувајте и не си замислувајте дека на 50 години треба да изгледате како на 20.

Не ги игнорирајте ниту советите и препораките кои докторите ќе ви ги дадат.

problemi-so-prekumernata-tezhina-koi-ne-se-povrzani-so-brzata-hrana-i-mrzlivosta-02.jpg

Зависност од овошје

Иако е здраво и добро да се јаде овошје за одржување на фигурата, сепак, добро е да сте свесни дека за разлика од зеленчукот, овошјето не е толку лесна и нискокалорична храна. Содржи многу шеќери, кои во зголемена количина секако дека влијаат на бројот на калории.

Заменете ги нездравите и штетни слатки со овошје, но не претерувајте и запомнете дека секој вид овошје има различни хранливи состојки.

problemi-so-prekumernata-tezhina-koi-ne-se-povrzani-so-brzata-hrana-i-mrzlivosta-03.jpg

Здравствени проблеми

Нефункционалноста на дигестивниот тракт, промената на работа на жлездите, хормоните, јајниците и слично, може да предизвикаат проблеми со тежината.

Забележувајте ги промените на телото и оние кои ги чувствувате и не ги игнорирајте. Консултирајте се со доктор и уверете се дека е сè во ред пред да си го кажете тоа и да продолжите да живеете со тоа.

problemi-so-prekumernata-tezhina-koi-ne-se-povrzani-so-brzata-hrana-i-mrzlivosta-04.jpg

Земање лекарства

Постојат многу лекови кои помагаат за едно, но предизвикуваат проблеми на друго место, па така постојат и многу кои влијаат на тежината.

Ако во последно време забележувате дека се дебелеете и не можете никако да го смените тоа, а притоа во истиот период консумирате лекови кои претходно не сте ги употребувале, прашајте медицинско лице и проверете дали е тоа причината.

problemi-so-prekumernata-tezhina-koi-ne-se-povrzani-so-brzata-hrana-i-mrzlivosta-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна која ќе биде хит во 2018 Чиа семето и смутито од зелено овошје веќе нема да бидат во тренд, иако тоа не з...
Кога треба, а кога не мора да внимавате на рокот на траење на храната? Благодарение на модерните техники на пакување и големиот избор на различни типов...
Храна која магично ги топи масните наслаги околу стомакот Сечија летна цел е да го доведе стомакот до совршенство, да го израмни и обликув...