Грешки што не треба да ги правите после оброкот, ако сакате да го зачувате здравјето

Многу од нас се загрижени за исхраната и измислуваат или се водат по диети за да бидат слаби и здрави.

greshki-shto-ne-treba-da-gi-pravite-posle-obrokot-ako-sakate-da-go-zachuvate-zdrvajeto-01.jpg

Но, навиките за исхрана не се состојат само од типот на исхрана, туку и од однесувањето пред и по оброкот, на што никој не размислува.

Понекогаш, од сите работи што ги слушаме, веќе не знаеме во што да веруваме, но најдобро е добро да ги разгледате сите совети, па потоа да одлучите што најмногу ви одговара.

Па, според некои експерти, ова се работите кои не треба да ги правите после оброк, а вие одлучете што ќе послушaте:

Не – овошје после оброк, Да – чаша вода 30 минути пред оброк

Овошјето е многу корисен, здрав и вкусен десерт, но кога го јадеме после главниот оброк, има спротивен ефект.

За варење, на храната и е потребно повеќе време, па уште кога после тоа ќе земе овошје, тоа ќе мора да застане на ред за процесот одново да започне.

Јадете го овошјето половина час пред оброкот, или подобро, напијте се чаша вода–ова ќе ви помогне да постигнете баланс на течности во телото и нема да се прејадете, а метаболизмот побрзо ќе работи.

greshki-shto-ne-treba-da-gi-pravite-posle-obrokot-ako-sakate-da-go-zachuvate-zdrvajeto-02.jpg

Не – разлабавување на коланот пред јадење, Да – облеката што не го попречува движењето

Експертите советуваат додека седите на маса да бидете облечени во пријатна облека, посебно околу половината.

Стегнатите колани и тесна облека може да предизвикаат киселини и болки во желудникот.

Најчесто луѓето откако ќе се најадат ја разлабавуваат облеката во тој дел, но тоа треба да го направите уште пред да седнете да јадете.

Дајте му слобода на стомакот и не го измачувајте.

greshki-shto-ne-treba-da-gi-pravite-posle-obrokot-ako-sakate-da-go-zachuvate-zdrvajeto-03.jpg

Не – брза прошетка по оброк, Да – разговор, релаксирање, одмор

Колку пати ви се случило да почувствувате грижа на совест што сте се прејале, па така магично сте решиле дека треба да пропешачите и веднаш да ги потрошите калориите.

Сепак, тоа ќе има ефект ако го направите барем половина час после оброкот, а не веднаш, бидејќи така ќе има време процесот на варење да започне.

Со брзото одење веднаш по јадење, го форсирате телото и го одвлекувате од процесот, па настануваат други проблеми.

Затоа после ручекот, седнете, одморете, разговарајте со блиските – опуштената атмосфера придонесува за правилна брзина на протокот на крв и како резултат на тоа, одлична дигестија.

greshki-shto-ne-treba-da-gi-pravite-posle-obrokot-ako-sakate-da-go-zachuvate-zdrvajeto-04.jpg

Не – благо после оброк, Да – благо претпладне

Според нутриционистите, навиката за често „ужинување“ со благо е причина за прекумерната тежина, посебно после 35 години, кога метаболизмот се успорува.

Организмот нема време да сфати дали сте најадени или не, а вие веќе сте ставиле во вас уште едно парче торта и потоа се чудите што ви е тешко да дишете.

Ако толку многу сакате благо, значи на начинот на исхрана му недостасуваат одредени состојки, храната била пресолена или телото дехидрирано.

Контролирајте го балансот на масти, протеини и јаглехидрати, а ако навистина сакате благо, изедете го пред 12 на пладне.

greshki-shto-ne-treba-da-gi-pravite-posle-obrokot-ako-sakate-da-go-zachuvate-zdrvajeto-05.jpg

Не – ладни пијалаци после оброк, Да – умерено топла вода после оброк

За правилно да ја вари храната, на телото му е потребна одредена температура. Ладната храна или пијалаци после оброкот може да го искомплицираат процесот.

На пример, мастите се стврднуваат кога ќе дојдат во контакт со ладна течност.

Ако јадете само сладолед, ќе се вари долго време, но без проблеми, но ако го јадете веднаш по оброк, ќе го успори и искомплицира процесот, а тоа повторно ќе предизвика киселини и болки.

За да го подобрите сето ова, експертите препорачуваат малку топла вода, бидејќи тоа му помага на стомакот.

greshki-shto-ne-treba-da-gi-pravite-posle-obrokot-ako-sakate-da-go-zachuvate-zdrvajeto-06.jpg

 M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете) Маслиновото масло, јаткастите плодови и киноата навистина имаат многу долг рок н...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
8 трикови како да ги навикнете децата на здрава храна (без тантруми и плачење) Не ги наградувајте со грицки и слатки, но немојте ни да им ги забраните – како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg