Луѓето што јадат месо имаат подобро здравје и квалитет на живот од вегетаријанците

Кај вегетаријанците има поголема појава на рак, астма, алергии и други здравствени проблеми, тврди едно австриско истражување.

vegetarijancite-imaat-polosho-zdravje-i-polosh-kvalitet-na-zivot-tvrdat-istrazuvachite-01.jpg

Едно контроверзно истражување откри дека вегетаријанците имаат полошо здравје и полош квалитет на живот од луѓето што јадат месо.

И покрај практиката да пијат помалку, да пушат помалку и да водат поздрав живот, тие имаат зголемен ризик од рак, алергии и проблеми со менталното здравје, како депресија и анксиозност.

Истражувањето спроведено на Медицинскиот универзитет во Грац, Австрија дојде до овој заклучок. Иако вегетаријанците кои имаат пониско ниво на холестерол и заситени масти во крвта поради зголеменото внесување на овошје, зеленчук и производи од цели зрна, резултатите не се во нивна полза.

vegetarijancite-imaat-polosho-zdravje-i-polosh-kvalitet-na-zivot-tvrdat-istrazuvachite-03.jpeg

Во истражувањето учествувале 1.320 испитаници од кои дел вегетаријанци, дел кои консумирале малку месо многу овошје и зеленчук и дел кои консумирале многу месо, помалку овошје и зеленчук.

Учесниците кои јаделе помалку месо имале полоши здравствени навики, како што се неправење на редовни превентивни прегледи на доктор, примање вакцини итн.

„Нашето истражување покажа дека вегетаријанците имаат поголеми проблеми со здравјето како што се ракот, астмата, алергиите и менталните проблеми, полош квалитет на живот и почесто завршуваат на доктор поради здравствени проблеми“, заклучија истражувачите.

vegetarijancite-imaat-polosho-zdravje-i-polosh-kvalitet-na-zivot-tvrdat-istrazuvachite-02.jpg

Некои луѓе ова австриско истражување го прогласија за начин да се изрекламира месната индустрија.

На ова Натали Буркерт, која стои на чело на тимот истражувачи, вели дека тие не гарантираат дека консумацијата на месо го подобрува здравјето, туку само ги презентираат резултатите до кои дошле и дека се потребни и понатамошни истражувања за да се дојде до конкретни одговори на одредени прашања.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Овошје што треба да го јадете почесто ако сакате да го симнете вишокот килограми Јагодите, праските и сливите се само дел од овошјето што може да ви помогне во б...
Корисни трикови за „од око“ да ги изберете најсвежите производи на пазар Изберете помали модри домати, а доматите бирајте ги според намената: долгнавести...
10 кулинарски грешки со кои ги уништувате здравите состојки на храната Сите знаат дека кога медот ќе се изложи на топлина ги губи своите здрави состојк...
10 популарни јадења од целиот свет кои мора да ги пробате барем еднаш во животот Пржена риба со помфрит од Англија и пита со спанаќ, позната и како „spanakopita“...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg