|
|
Македонска
|
Најавната тема од англискиот албум на Тоше Проески со наслов "The Hardest Thing" се наоѓа на самиот врв од Топ 20 листата на МТВ Адриа.

Во моментов песната се наоѓа на третата позиција, но со оглед на он-лине петицијата која ја покренаа обожавателите, наскоро, таа ќе биде заменета со шампионската. Пред Тоше се позиционирани Ријана со "Take a bow" и Колдплеј со "Violet Hill". Дел од Топ 20 уште се Мараја Кери, Едо Маајка, Ашер, Мадона, Лака, Енрике Инглесијас...
"The Hardest Thing" е една од девете снимени нумери што ќе се најдат на материјалот наменет за светскиот музички пазар, кој неодамна беше најавен и со кусиот документарец снимен на Јамајка. Меѓу девете нумери има една одлична балада направена според вистинска љубовна приказна.
Само за потсетување, линкот за гласање е следниот: http://mtvadria.com/ladder.php?type=1
Би можело да ве интересира:
 |
|
|
Онака
" Секој од нас што ќе помине подалеку од препреките, ќе ја знае разликата во животот од тој период па натаму. "
Џ. Стоун
|
|