Иако лани Џастин Бибер и Ребека Блек беа едни од најпребаруваните имиња од светот на музиката, се надеваме дека новата година ќе донесе повеќе...
...интерес и ѕвездени мигови за нови имиња што вреди да се слушнат.
Талентирани музичари кои црпат од корените на соул и рок музиката веројатно ќе ги заменат шовинистичките фалби на пребогатите рапери.
Ова е листата на музичари што се очекува да блеснат во 2012 година.
Michael Kiwanuka го споредуваат со Отис Рединг, а го понесе и епитетот „машка верзија на Адел“.
Инспирација од Отис Рединг црпи и Elle King, млада Американка која ги воодушеви музичките критичари. Многумина во неа ја препознаа новата Ејми Вајнхаус.
Allen Stone, човекот кој звучи како совршен спој од Стиви Вондер и Принс.
ZZ Ward. Накратко кажано - звучи секси
Howler, поп-рок бенд прогласен за еден од најдобрите нови бендови во 2011 година на листата на музичкиот магазин NME.
Milo Greene. Затоа што сите ќе цупкате и потпевнувате на нивниот ведар поп.
Duologue. Затоа што уживаме да се вљубуваме во добри бендови од Лондон.
Waka Waka пред 25 години?!... Светското фудбалско првенство е во тек. Возбудата започна, а сите ние секојдневно едвај ги чекаме натпреварите. Официјална химна на...
...
Сергеј Четковиќ - Ljuska oraha... Сергеј Четковиќ сними видео спот за уште една од песните кои се акутелни во моментов од последниот албум „2 минута“ Ljuska oraha. Тој во последно...
Новиот сингл на Кејти Пери... Кејти Пери се појави со нов сингл, шести по ред од нејзиниот актуелен албум Teenage Dream. Кејти се одлучи тоа да биде песната The One That Got A...