М Кар ја одбележа првата година од своето постоење и стогодишнината на брендот BMW

(Скопје, 2.10.2016) Увозникот за BMW и MINI во Македонија и Косово, компанијата М Кар вчера прослави една година постоење на својот продажно - сервисен центар и воедно ја одбележа стодошнината на брендот BMW.

m-kar-ja-odbeleza-prvata-godina-od-svoeto-postoenje-i-stogodisninata-na-brendot-bmw-01.jpg

Светскиот бренд кој има произведено најмногу револуционерни автомобили од било која друга марка во својата класа, оваа година прослави 100 години лидерство во иновации, истражување и развој и му претстави на светот како ќе изгледа иднината на автомобилската индустрија.

Во рамките на роденденскиот настан „М Кар отворени врати“, присутните гости имаа можност да се запознаат со целосното работење на продажниот - сервисен центар на BMW и MINI во Македонија, да ги тестираат перформансите на новите BMW и MINI модели и да ги доживеат најсовремените технологии и иновации во автомобилскиот свет.

m-kar-ja-odbeleza-prvata-godina-od-svoeto-postoenje-i-stogodisninata-na-brendot-bmw-9.jpg

m-kar-ja-odbeleza-prvata-godina-od-svoeto-postoenje-i-stogodisninata-na-brendot-bmw-19.jpg

. На настанот беше претставен новиот BMW X5 iPerformance модел, со кој М Кар за прв пат во Македонија воведува употреба на електрични возила, базирани на прогресивната Plyg-in hybrid технологија, во насока на заштита на животната средина и економска заштеда.

Роденденската програмата, достојна за премиум брендовите и креирана да ги задоволи сите очекувања, изобилуваше со многу новитети од светот на BMW и MINI, интерактивни презентации, награди и изненадувања за сите посетители.

По повод стогодишнината на BMW, M Kар промовираше акциски понуди за BMW и MINI возила за нарачки до крајот на годината, а сервисниот центар на М Кар им нуди можност на сите BMW и МINI сопственици, сервисен преглед „360 степени“ за само 100 денари.

m-kar-ja-odbeleza-prvata-godina-od-svoeto-postoenje-i-stogodisninata-na-brendot-bmw-5.jpg

Како најмлада компанија во автомобилската индустрија во Македонија,за нејзиното  кратко постоење M Kar успеа повторно да ја воспостави премиум позицијата на пазарот за брендовите BMW и MINI. Работејќи со  искусен, обучен и посветен тим, во својот целосно оперативен, современо опремен сервисен  центар, веќе една година им овозможува на сопствениците на овие возила сигурен, врвен сервис и постојана поддршка.

Увозникот за краток период  успеа да ја врати довербата  и задоволство на потрошувачите и активно ги реализира зацртаните планови, целејќи кон највисоките стандарди за грижа на корисници.

m-kar-ja-odbeleza-prvata-godina-od-svoeto-postoenje-i-stogodisninata-na-brendot-bmw-8.jpg

На роденденската прослава премиерно беа претставени новата серија 3 GT, модел кој својата светска премиера тукушто ја доживеа на саемот во Париз и BMW X5 xDrive40e iPerformance. Дел од достигнувањата и премиерите во изминатата година беа промоцијата на новите модели на BMW Серија 7 и BMW X1,  веднаш по  минатогодишната премиера во Франкфурт.

BMW X1 беше прогласен за “SUV на годината во Македонија” за 2016, додека целото семејство BMW X модели беше промовирано пред македонската јавност оваа пролет, каде посетителите имаа уникатно задоволство да ја  тестираат xDrive технологијата на возбудлива off road рута,   во рамките на „BMW Generation X roadshow 2016“. 

Покрај X моделите, на „Generation X roadshow“ за прв пат пред македонската јавност беше презентиран и ексклузивниот BMW M2 Coupe.

Компанијата М Кар е постојано посветена на своите клиенти. Посетителите на роденденската прослава Таа нуди поволни финансиски услови за потенцијалните купувачи и посветеност со што ја зацврстува довербата на сегашните клиенти.

m-kar-ja-odbeleza-prvata-godina-od-svoeto-postoenje-i-stogodisninata-na-brendot-bmw-30.jpg

Тековната кампања на М Кар во соработка со Централно Кооперативна Банка со само 4,4% каматна стапка, без дополнителни трошоци им нуди можност на сите заинтересирани купувачи да дојдат полесно до своето ново BMW или MINI возило.

Погледнете ја целосната фотогалерија од настанот:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg