Најголемите грешки кои ги прават возачите при возење во зима

За безбедно пристигнување на саканата дестинација во зима, во услови на замрзнати и влажни коловози и во услови на снег, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ве потсетува: управувањето моторно возило во зимски услови, по снежни и замрзнати патишта, претставува опасност за возачите и бара поголемо внимание и претпазливост. 

najgolemite-greski-koi-gi-pravat-vozacite-pri-vozenje-vo-zima-1_copy.jpg

Најмалата грешка ги креира најопасните зимски сценарија и може да предизвика незгода со катастрофални последици. Прочитајте ја листата што ја направи РСБСП, а се однесува за грешките што ги прават возачите при возење во зима и доколку се пронајдете во некоја од нив, коригирајте се и бидете безбеден и одговорен возач.

1. Пребрзо возење (не ја прилагодувате брзината кон условите на патот)

Сообраќајните знаци за ограничување на брзината кои се поставени на улиците и патиштата се наменети за возење во идеални временски услови, сув асфалт и чисти страници на коловозот. Возачите имаат лоша навика да возат секогаш со брзина еднаква или малку поголема од пропишаната. РСБСП советува, штом ќе наидете на влажен коловоз и на намалена видливост, веднаш да ја намалите брзината. Во лоши временски услови, потребно е четири до десет пати подолго време за запирање, односно сопирачкиот пат на возилото е повеќекратно подолг.  Бидете внимателни и не дозволувајте навидум чист или сув коловоз да ве наведе на опуштено и брзо возење. Секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди поради губење контрола над возилото на подмрзнат дел на патот кој некогаш и тешко се забележува. Затоа навреме намалете ја брзината!

И не заборавајте:  Забрзувањето и успорувањето на возилото во зима треба да го правите полека и внимателно!

2. Не оставате доволно простор

Како што веќе напоменавме, патот на запирање на снежни или на замрзнати улици/патишта е подолг од четири до десет пати што значи дека треба да си оставите многу поголем простор за запирање и маневрирање. Оставајте доволно простор меѓу возилато, особено  доколку пред вас има камион и никогаш не се обидувајте да го поминете од неговата десна страна – на камионите им треба многу поголем простор да запрат и имаат голема „слепа точка“ на десната страна. Секогаш оставајте поголем простор меѓу возилата, особено со оние кои се поголеми од вас!

3. Држете безбедно растојание

При возење во зимски услови, се препорачува оддалеченоста меѓу возилата да се зголеми три пати за да се осигура минимален пат на запирање од осум секунди, односно доколку возите со брзина од 20 км/ч, одалеченоста со  возилото пред вас мора да биде четири должини на возилото, односно дванаесет должини доколку возите со 50км/ч.

4. Гледате на погрешно место

Секогаш  бидете фокусирани  на патот, на вашето возило и на случувањата во сообраќајот. Не се фокусирајте на неважни делови од возилото пред вас или  на делови од надворешната околина кои не се поврзани со случувањата во сообраќајот. Можноста правилно да реагирате на евентуален проблем на патот или во сообраќајот зависи од вашата фокусираност, будност и концентрација.

5. Дозволувате погонот на четири тркала да ви ја зголеми самодовербата

Вистина е дека возилата со погон на четири тркала се побезбедни и имаат подобри перформанси во услови на снег, дожд или мраз затоа што тие дополнителни вртежи можат да ви помогнат да забрзате побрзо и да се извлечете од заглавување. Но, тоа не ви дава право за побрзо возење бидејќи поголемиот дел од влечењето при лизгање доаѓа од интеракцијата меѓу гумите и патот и не е поврзано со вртежите на вашите гуми во моментот. Затоа, подобро е да се намали брзината и да се вози побаво и да се инвестира во нови зимски гуми.

6. Премногу сте под стрес

Дали сте се нашле во ситуација кога сте зад воланот и сте смртно преплашени од ситуацјата со која не можете да се соочите? Дали нагло сте притиснале на сопирачката кога возилото почнало да ви се лизга? Лизгањето е страшно, но паниката прави само полошо. Опуштете ги вашите раце за маневрирање, сопирајте полека, фокусирајте го погледот на патот каде што сакате да се движите и бидете нежни со возилото.

7. Изведувате повеќе маневри во исто време

Голема грешка. Не изведувајте повеќе маневри во исто време – прво забавете нежно и полека, а потоа завртете го воланот во насоката која ја сакате,  и на крај полека забрзајте. Потсетување: комбинација од  нагло сопирање и маневрирање со воланот е еднаква на лизгање.

8. Не сте подготвени за тоа што реално може да се случи ( ве очекува)

Многу пати сите сме изненадени од првиот снег и од условите на патот кои ни ги прикажуваат на ТВ каналите, но никој никогаш не претпоставува дека баш него може да му се случи да заглави во снег, да го завее снежна бура или пак да се излизга со возилото надвор од патот. Ако завршите заглавени, најдобро место да останете, е во возилото. Додека стигне помош - 196, стартувајте го моторот по 10 минути на секој час за да ви биде топло (проветрувајте поради издувните гасови) и  искористе го она што ви е потребно од сетот за итни ситуации (екстра топла облека, ќебе, свеќа за безбедност, флаширана вода, комплет за прва помош, лопата, хартиени крпи, синџири, кабли итн). Секогаш имајте полна батерија на телефонот пред да излезете од дома.

Подгответе се психички вие, подгответе го возилото и патувајте безбедно со вашите најблиски сѐ до вашата крајна дестинација.


Овој едукативен текст е во рамките на Зимската кампања која што РСБСП ја реализира со поддршка од МотоЦентар – Прв избор за гуми.  РСБСП во партнерство со Моторцентар  им посакуваат безбедни патувања на сите учесници во сообраќајот.

Зимата не дава шанса за избор. Опреми се!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg