Зошто возачите не треба да ја отвораат вратата од автомобилот со лева рака?

Ова сигурно никогаш не сте го размислиле, но причината е повеќе од сериозна. Отворањето на вратата од автомобилот со десна рака би требало да стане навика на секој возач. Ако сте совозач, тогаш треба да ја користите левата рака.

zosto-vozacite-ne-treba-da-ja-otvoraat-vratata-od-avtomobilot-so-leva-raka-1.jpeg

Откако ќе го паркирате автомобилот, свртете се и отворете ја вратата со десна рака.

Така ќе ја свртите главата кон назад и ќе имате прилика и време да погледнете дали покрај вас поминува некој друг автомобил, пешак или велосипедист.

А, тоа се случува многу почесто отколку што мислите.

Отворањето на вратата со десна рака, доколку сте возач, и со лева рака, доколку сте совозач, ви нуди шанса да спасите нечиј живот и да се спасите од било какви оштетувања и удари.

Едноставно е, само треба да сакате да ја стекнете навиката.

М. Д. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg