Кој би бил виновен во cообраќајна незгода со самоуправувачки автомобил?

До 2020 година се очекува голем број од автомобилите да се управуваат сами, без возач. Меѓутоа уште многу етички прашања треба да бидат одговорени пред да стигнеме до таму.

koj-bi-bil-vinoven-vo-soobrakajna-nezgoda-so-samoupravuvacki-avtomobil-01.jpg

Автомобилите мора да бидат програмирани дали во случај на незгода ќе ги спасат патниците во атомобилот или ќе гледат повеќе за општото добро.

Од досега направените анкети повеќето луѓе одбираат автомобилот да ги спаси по секоја цена, независно дали ќе прегази пешак или ќе избегне ѕид за да удри во друг автомобил.

Досега во случај на сообраќајна незгода, беше лесно да се утврди кој е виновникот.

Дали возачот има пиено алкохол, недостаток на концентрација, не ги знае добро правилата или возел пребрзо...

Лесно беше да се открие причината за незгодата.

Но, кој би бил крив во случај кога нема возач во автомобилот?

Правниот систем во САД вели дека во овој случај производителот на автомобилот треба да ја преземе одговорноста.

Кога нема возач кој ќе ја преземе вината, тогаш единствено преостанува да ја обвиниме технологијата.

Производителите на овие автомобили тврдат дека 95% од сообраќајните незгоди се случуваат поради човечки фактор и дека кога ќе ја предадеме моќта за управување на технологијата, сигурноста во сообраќајот значително ќе се зголеми.

Повеќето од тие производители без проблем прифаќаат целосна одговорност во случај на несреќа.

Но, сè уште преостануваат етичките прашања.

Компаниите ќе ја преземат финансиската одговорност, но што се случува кога е во прашање човечки живот?

Инженерите уште немаат одговор на тоа како ќе ги научат автомобилите на етика и во дадена ситуација да одлучат кој живот е повреден да се спаси.

А. В. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg