Новиот TOYOTA YARIS со промотивна цена од 9.990 Евра!

noviot-toyota-yaris-so-promotivna-cena-od-9999-evra-1.jpg

Новиот, значително изменет Yaris е веќе достапен во салонот на Toyota Авто Центар. Автомобилот кој за прв пат е произведен во 1999 година и понатаму останува лидер во продажбите на Toyota на европскиот пазар кој заклучно со 2016 година успеа да ја заокружи бројката  од 3 милиони произведени единици.

Дизајнот, квалитетот, перформансите и безбедноста се клучните фактори при купувањето на автомобил, а тоа се и главните области кои се во фокусот на подобрувањата на новиот модел. При конструирањето на новиот Yaris инженерите ги ислушаа реакциите и искуствата на купувачите за тоа каде треба да се направат подобрувања, се со цел да се обезбеди  поголемо уживање во возењето.

noviot-toyota-yaris-so-promotivna-cena-od-9999-evra-3.jpg

Сега Yaris се одликува со посмел надворешен изглед, со измени во предниот и задниот дел на возилото кои сега му даваат подинамичен изглед.

noviot-toyota-yaris-so-promotivna-cena-od-9999-evra-4.jpg

Промените се видливи и во внатрешноста на возилото, кој сега изгледа помодерно со новиот избор на бои на седиштата, подобрувањата на инструментите и контролите. Тој и понатаму останува еден од најкомотните, најкомпактните и најпрактичните возила во својата класа.

noviot-toyota-yaris-so-promotivna-cena-od-9999-evra-2.jpg

Во понудата на новиот модел ќе бидат 3 мотори :

Бензинци

  •  1.0л/69 Кс, MT
  • Новиот 1.5л/111Кс, MT. Го заменува постоечкиот 1.33 VVT-i.

Новиот мотор испорачува 10% повеќе моќност (111Кс/83Кв) од претходниот 1.33-литарски мотор, и има подобрување во потрошувачката на гориво за 12% (4,8л/100Км). Забрзувањето е скратено за 0,8 секунди (11 сек,0-100Км/ч).

Хибрид 1.5л/100Кс, e-CVT

Хибридниот мотор останува да биде главниот адут при продажбата, мотор кој во моментов опфаќа повеќе од 40 % од продажбите на сите Yaris возила во Европа, и нуди најниска емисија на штетни гасови во сегментот . Yaris и понатаму останува едниствен во сегментот кој на купувачите ќе им понуди хибриден мотор, со можност да доживеат релаксирано и интуитивно возење пропратено со мала потрошувачка на гориво и најниска емисија на штетни гасови во класата.

Новиот Yaris на македонскиот пазар ќе биде достапен со три нивоа на опременост. Во понуда ќе бидат сите 3 достапни мотори. Како и сите други возила на Toyota, новиот Yaris ќе има вистинска фабричка  гаранција од 6 години/200.000 Км и во периодот што следи возилото ќе се понуди со промотивна цена од 9.990 Евра (619.380,00 денари), понуда која се однесува на моторот 1.0  и Terra ниво на опременост во која стандардно ќе добиете: 7 воздушни перничиња, систем за контрола на стабилноста на возилото (VSC), клима уред, аудио систем, Bluetooth и уште многу повеќе (детално на www.toyota.com.mk). Закажете тест возење на телефонскиот број 02/30 88 880 и дознајте зошто Toyota Yaris е еден од најпосакуваните автомобили на нашиот пазар.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg