Каков шлем е потребен за поголема заштита на мотоциклистите?

Еден од главните фактори за поголема безбедност на мотоциклистите покрај исправноста на самиот мотоцикл, е носењето заштитен шлем. Шлемот или кацигата не само што заштитува и ги намалува повредите, туку е и законска обврска. Токму на оваа тема се осврнуваат активностите за овој месец на кампањата „Јас внимавам“, иницирана од компанијата ОКТА и целосно поддржана од Министерството за внатрешни работи, со чија помош и се спроведуваат активностите.

kakov-shlem-e-potreben-za-pogolema-zashtita-na-motociklistite-01.jpg

Заштитно лице за активностите од овој месец е мотоциклистот Ленин Јовановски, кој се приклучи како промотор на целите на кампања пред се заради честите незгоди каде жртви се мотоциклистите и многу често причината за големите повреди е немањето соодветна заштита. Носењето заштитен шлем при возење мотоцикл го намалува ризикот од фатални последици за 40 отсто, а ризикот од сериозни повреди дури за 70 отсто. Ленин уште упатува дека заштитниот шлем мора да исполнува извесни стандарди и да биде сертифициран, со прилагодена големина и намена, односно во зависност дали се вози во градски сообраќај или на отворен пат. Но, сепак останува првото и најбитно правило дека без разлика на дистанцата и брзината со која се вози мотоциклот, најголемата заштита за мотоциклистот е заштитниот шлем. Дури и мали, незгоди може да предизвикаат сериозни повреди на главата, доколку не е заштитена, потенцира Ленин.

kakov-shlem-e-potreben-za-pogolema-zashtita-na-motociklistite-07.jpg

Кампањата чија цел е зголемување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот преку доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, апелира за сите мотоциклисти без разлика на возраст, дали возат на пократки или подолги релации да носат заштитен шлем и со тоа да се заштитат себеси од повреди при евентуални незгоди. Носењето шлем и од законски и од безбедносен аспект, се налага за сообраќање на какви било релации и за двата патници на мотоциклот.

kakov-shlem-e-potreben-za-pogolema-zashtita-na-motociklistite-03.jpg

Кампањата „Јас внимавам“ е активна веќе неколку месеци и преку  разни активности кои што ги спроведува компанијата ОКТА во соработка со МВР, се стреми да ја истакне потребата од унапредување на безбедноста на сите ученици во сообраќајот. Наградување со вредносни ваучери за совесните учесници во сообраќајот, едукација на креативен начин за најмладите, дефилеа и настани, дистрибуција на едукативни материјали и илустративни боенки, како и донација на сообраќајни полигони за училиштата, се само дел од активностите на кампањата.

kakov-shlem-e-potreben-za-pogolema-zashtita-na-motociklistite-04.jpg

Зголемувањето на сообраќајните незгоди и жртвите ја наметнаа потребата од една ваква, сеопфатна кампања чиишто придобивки се препознаени и од голем број јавни личности кои ја дадоа својата поддршка и со своето влијание повикуваат на поголема свесност и внимание во сообраќајот.

kakov-shlem-e-potreben-za-pogolema-zashtita-na-motociklistite-05.jpg

kakov-shlem-e-potreben-za-pogolema-zashtita-na-motociklistite-06.jpg

kakov-shlem-e-potreben-za-pogolema-zashtita-na-motociklistite-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg