Една година Премиум Ауто Зентрум – 75 продадени премиум автомобили, врвна услуга и задоволни клиенти

Премиум Ауто Зентрум пред една година направи еден голем и одлучен чекор напред, менувајќи го концептот на работа, од импортер во директна врска со принципал, до самостоен мулти бренд продажен центар за нови и користени автомобили.

edna-godina-premium-auto-zentrum-75-prodadeni-premium-avtomobili-vrvna-usluga-i-zadovolni-klienti-1.jpg

Денес, една година подоцна, накратко ќе ве потсетиме за концептот на ПАЗ. Иако анализите дадоа информација дека пазарот на употребувани автомобили е обемен, нашиот став беше да се позиционираме во најмалата група на понуда - изјави директорот Владимир Билбилов.

Најлесно е да се искористат сите бенефиции кои ги даваат минималните критериуми врз основ на кои 90% од употребуваните автомобили се набавуваат и продаваат во Македонија.

Но, ПАЗ ги најави критериумите врз кои работат изминатава година и од тоа нема отстапка.

  • Органичена старосна граница во просек 3 години
  • Ограничени изминати километри на возилата
  • Утврдена состојба на автомобилите која треба да е најдобра во однос на останатите понудувачи
  • Утврдени критериум на ниво на опременост кој треба да е во горната половина на вклучени опции

ПАЗ го пробива ледот и успешно го подигнува критериумот за начин на работење со користени автомобили. Но, не се работи само за подобрите услови за продажба и сервисирање туку и на нешто што овие 7 години се запостави од страна на институциите надлежни за тоа.

Најважен фактор кој го имаат автомобилите на продажба во ПАЗ е безбедноста и еколошката прифатливост. Тие две карактеристики се само резултат на исполнување на 4 те критериуми наведени погоре. Еколошката прифатливост е на ниво од ЕУР 5, а техничката состојба на автомобилот се утврдува и контролира детално. Резултатите се проверени и квалитетни автомобили и задоволни клиенти.

edna-godina-premium-auto-zentrum-75-prodadeni-premium-avtomobili-vrvna-usluga-i-zadovolni-klienti-2.jpg

Оваа година ПАЗ очекува да ја заврши со 75 продадени автомобили, во која се вклучени сите брендови од понудата, но сепак најзадоволни се од интересот за моделот Ранге Ровер за кој има континуиран голем интерес.

ПАЗ докажа дека со формулата на пристапни цени во врвни техничко технолошки услови за сервисирање е возможна и кај нас – тие поседуваат врвни услови со пристапни цени.   

Концептот за следната година продолжува со зголемен интензитет во понудата, и планот ќе се зголеми за 20- 25% од годинешниот.

Што се однесува на надворешните фактори кои влијаат на развојот, од ПАЗ имаат оптимистички став дека во оваа нова структура на институциите кои се одговорни за воведување на законски регулативи, ќе се создадат нови квалитетни услови за развој на бизнисот како на употребувани така и на нови автомобили.

Во организиран систем на работа при набавка според важечки регулативи кои ќе бидат на повисоко ниво од сегашните, спроведување на темелна техничка контрола на автомобилите, имаме одговор за безбедноста и за заштита на нашата животна средина.

ПАЗ ќе ја поддржи таа иницијатива и ќе ги охрабрат сите фирми кои имаат цел да се бават со импортерски бизнис да ја применат нивната форма на работа не само во премиум туку и во останатите категории на автомобили, каде понудата ќе се искристализира со квалитет, а ќе се редуцираат имиџ автомобилите со одамна изминат рок на траење, кои само прават штета на околината и учесниците во сообраќајот. Ќе бидеме сите одговорни и ќе придонесеме за обновување на возниот парк во Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg