Риселсхајм. Шестата генерација на Opel Corsa е на брза лента. Само неколку дена по презентацијата на електрична верзија со батерија, Opel сега ја објавува Corsa со класични мотори со внатрешно согорување - поефикасна, понапредна и подинамична од било кога. Продажбата на 4.06 метри долгиот мал автомобил со пет врати на германскиот производител на автомобили започнува со особено економични бензински и дизел мотори со излезна моќност од 55kW (75 КС) до 96kW (130 КС). Умерената потрошувачка на гориво и се карактеристични за сите опции за мотори (потрошувачка на гориво NEDC1: урбано 5,4 - 3,7 л/100 км, екстра-урбани 4,1 - 2,9 л/100км, комбинирано 4,6 - 3,2 л/100км, 105-85 г /км СО2, WLTP2: комбинирано 6,4 - 4,0 л/100км, 144-104 г/км CO2, се првичните податоци)...