ДХЛ Експрес Македонија го прослави својот 20 годишен јубилеј

Курирската компанија ДХЛ Експрес Македонија под мототo „ДХЛ 20 години ги зближува вашите светови“ во пригодна атмосфера со многу гости и пријатели го порслави својот роденден. Од самиот почеток насочена кон иновации и воведување на нови технологии и нови услуги за своите корисници, ДХЛ Македонија денес е лидер на пазарот на експресната достава на пратки и логистика во Македонија, со пазарно учество во полето на курирскиот транспорт од 70%, пружајќи им секојдневна поддршка на над 4000 компании и институции во Македонија во нивната меѓународна комуникација.

dhl-ekspres-makedonija-go-proslavi-svojot-20-godishen-jubilej-1

На настанот присуствуваа и генералниот директор на ДХЛ Експрес за Југоисточна Европа Г-динот Адриан Mарли како и неговиот колега Г-динот Радослав Нановиќ, генерален директор на ДХЛ Македонија, кој по повод настанот изјави: „ДХЛ Македонија е една успешна деловна приказна, со логичен, разумно планиран раст и подем-од пионер и иноватор на македонскиот пазар во 90-ите, до доверлив и посакуван партнер на македонската бизнис заедница, дипломатијата и сите наши корисници денес, воопшто. ДХЛ е приказна на која можеме да бидеме горди, бидејќи успешно ги создадовме најважните две компоненти на секој бизнис –створивме тим од посветени, мотивирани професионлаци и круг на лојални партнери и корисници. Кругот секојдневно се зголемува и го гарантира натамошниот растеж на ДХЛ во Македонија“

dhl-ekspres-makedonija-go-proslavi-svojot-20-godishen-jubilej-3

Како рамноправен член на „Дојче Пост ДХЛ”, ДХЛ Експрес Македонија е основана со 100% странски капитал и претставува дел од светската мрежа на ДХЛ веќе две децении. На македонскиот пазар нуди широка лепеза на услуги во домашниот и меѓународниот транспорт, услуги кои се препознатливи и различни од останатите во оваа индустрија. Она што е особено значајно за големите пратки е тоа што од 2001 година па наваму, ДХЛ Експрес Македонија е дневно поврзан со меѓународната ДХЛ мрежа со сопствен карго авион со носивост од 4.5 тони, кој сообраќа 5 пати седмично од и кон Скопје, во сите работни денови. Благодарение на оваа инвестиција, корисниците од Македонија ги имаат на располагање стандардните транзитни перформанси (overnight delivery) како и во земјите од ЕУ, без разлика на големината и тежината на нивните пратки.

dhl-ekspres-makedonija-go-proslavi-svojot-20-godishen-jubilej-4

Би можело да ве интересира:
Поубаво добредојде не сте виделе: Еве како малечката Рејчел го пречека новиот пријател (видео)Поубаво добредојде не сте виделе: Еве како малечката Рејчел го пречека новиот пријател (видео)...
Малата Рејчел со години го чекала денот кога ќе добие кутре на подарок, а денот кога таа желба конеч...
3 причини зошто е добро да патувате во пар3 причини зошто е добро да патувате во пар...
Заедничкото патување е најдобар начин да ја тестирате врската и издржливоста. Затоа, спакувајте ги к...
Ќоше на модни фанови: Преку овие знаци откријте дали сте модно гуру Ќоше на модни фанови: Преку овие знаци откријте дали сте модно гуру ...
Постојат некои работи и комбинации на облека кои единствено само вљубените во модата ќе ги разберат....

Препорачано од Facebook