Нова Coca-Cola кампања #KажиСоПесна

Во средината на јули Coca-Cola во Македонија ја лансира својата иновативна кампања под мотото #KажиСоПесна со која најомилениот безалкохолен пијалак во светот ќе стане уште позабавен за своите фанови. Во текот на летото, Coca-Cola на своето лого ќе додаде музички стихови со цел да ги  поттикне тинејџерите да се изразат преку музика.

nova-coca-cola-kampanja-kazi-so-pesna-01.jpg

Музиката за тинејџерите е како јазик. Без оглед дали станува збор за комонукација со пријателите, семејството, или стекнување нови пријателстваа, сè е полесно со музика. Со поттикнување на тинејџерите да се искажат  со песна, целта на Coca-Cola  е да им помогне да ги ослободат своите емоции и да комуницираат едни со други преку моќта на музиката.

Преку партнерство со Universal Music, брендот избра стотици современи песни кои ќе бидат испишани на Coca-Cola и Coca-Cola Zero лименки и шишиња. Ова е една од најголемите кампањи во Европа со илијадници шишиња и лименки кои се дистрибуирани низ Централна и Јужна Европа.

Пред лансирањето беа подготвени етикети на кои се испишани стихови од класици како што е Don’t you forget about me, до сегашните хитови како што е Hey Brother од Avici. Песните се избрани во согласност со клучните теми како што се среќата, пријателството, љубовта, училиштето и забавата, и се креирани за да побудат чувства кои потрошувачите ќе сакаат да ги споделат едни со други.

Во текот на кампањата потрошувачите ќе можатда се изразат преку музика, со уникатни Coca-Cola шишиња и лименки, започнувајќи  разговори кои можеби никогаш би се случиле без помош на музиката.

nova-coca-cola-kampanja-kazi-so-pesna-2.jpg

Кампањата исто така ќе има и може да се следи на веб страната.  Секојa  лименка и шише ќе имаат свој QR код кој потрошувачите ќе можат да го скенираат, а потоа и да ја слушнат песната чии стихови се наоѓаат на Coca-Cola,пред да ја споделат со своите пријатели.

Потрошувачите ќе бидат охрабрени постојано да ја посетуваат страната www.kazisopesna.mk, во текот на целото лето  за да дознаат за настаните кои Coca-Cola ќе ги организира во нивна близина.

“Во Coca-Cola, ние секогаш сме во потрага по нови начини да им помогнеме на луѓето да споделат моменти и искуства едни со други и ние сме сигурни дека ова партнерство со Universal Music е еден од нив. Музиката е моќен начин за луѓето да комуницираат и затоа сакаме да ги инспирира луѓето да се изразуваат на нов начин. “- велат од Coca-Cola.

Оливие Роберт Марфи, претставник на Universal Music рече: “Музиката е единствена во своето емоционално влијание и #КажиСоПесна е оригинален пристап кон поттикнување на тинејџерите да се изразат преку музиката. Воодушевени сме од соработката со Coca-Cola која оживеа илијадници наши песни. “

Уживајте во краткиот видео вовед за најновата Coca-Cola летна авантура:

За повеќе информации, посетете jа www.kazisopesna.mk.

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Ева Нединковска: „Чекав ред во државна институција, се најдов во небрано и жена ми ‘тутна’ 50-денарк... „Чекам на шалтер. Носам само картичка, кеш во мене немам. Забележувам дека сите ...
Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Најубавите пораки за Божиќ што можете да им ги испратите на блиските Добро здравје, мир во душата, радост во мислите, младост во срцето, успех во раб...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg