Хуманитерен натпревар за одбележување на големиот јубилеј 90 години од формирањето на ФК „Осогово“ од Кочани

Фудбалската федерација на Македонија на 27. јули ќе биде дел од одбележувањето на големиот јубилеј - 90.години од формирањето на ФК „Осогово“ од Кочани.

humanitaren-natprevar-za-odbelezuvanje-na-golemiot-jubilej-90-godini-od-formiranjeto-na-fk-osogovo-od-kocani-01.jpg

Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе се одигра ревијален натпревар меѓу поранешните великани на ФК „Осогово“ и поранешни македонски репрезентативци меѓу кои Илија Најдоски, Тони Мицевски, Саша Ќириќ, Ѓорѓи Христов, Горан Ставрески, Џипунов, Станојковиќ, Савов, Јовановски и други. Натпреварот и присуството на нашите фудбалски великани ќе има хуманитарен карактер.

Целта на ФФМ е заеднички со градот Кочани и поранешните репрезентативци да се соберат дел од потребните средства за операција на Даниел Митков, поранешен фудбалер на ФК Осогово кој има тешки последици од сообраќајна незгода и итно мора да замине на операција во Кина.

Даниел Митков е роден на 15. октомври1985. година во Кочани. Даниел е голем вљубеник во фудбалот и страствен навивач на Осогово. Беше дел од сите младински категории на фудбалскиот клуб Осогово, а потоа член и на првиот тим на Осогово.

 Даниел настрада во сообраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди на р’бетниот столб и остана парализиран во долниот дел од телото. По неопходниот медицински третман во Македонија е потребен третман со матични клетки и рехабилитација за подобрување на неговата состојба во Република Кина.

Хируршкиот зафат и рехабилитацијата се закажани во WU Medical Centar во Пекинг за кои се неопходни средства во висина од 25.000 евра.

Бидете хумани, подадете рака и донирајте за Даниел Митков повторно да ја почуствува радоста на животот. 

Би можело да ве интересира:

Даниел Кајмакоски позира со бурмата во прв план и се топи покрај синчето „Копија на тато“, „Фаца ти скинал“ се дел од коментарите за малиот Стефан, кој е...
„Додека ти сонуваш“ - Даниел Кајмакоски објави фотка како ужива со новороденото синче Даниел Кајмакоски секогаш вели дека децата се најголем благослов, а сега објави ...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg