Летната приказна на студентската организација АИЕСЕК, ТАВ Аеродроми и СОС Детско село

„Летна приказна 2014” е настан кој што претставува вистинска приказна  за дечињата и младинците од СОС Детско село и Советодавниот центар, кои што се учесници  на самиот проект организиран од АИЕСЕК.

letnata-prikazna-na-studentskata-organizacija-aiesek-tav-aerodromi-i-sos-detsko-selo-01.jpg

АИЕСЕК како најголемата студентска организација во Македонија, и во исто време најголемиот претставник на младински активизам во светот, во овој момент работи на овој проект проект, кој не би бил возможен без поддршката од ТАВ Аеродроми.

Целта на „Летна приказна 2014” е да се поттикнат децата и младите кои што живеат во домовите да размислуваат на поотворен и поинаков начин, да започнат да превземаат иницијативи и согледаат различните можности кои можат да ги искористат.

Шест практиканти од различни земји (Турција,Украина,Полска и Романија) во улога на предавачи, преку интерактивни сесии, игри и работилници на англиски јазик им претставуваат една поинаква слика и начин на едукација која што не е така честа појава во нивното секојдневие.

Едукацијата се одвива во групи од 12 до 14 дечиња, додека за младинците има и посебни обуки и сесии за пишување на СV и мотивационо писмо, се со цел олеснето барање на работни можности.

Проектот како таков има 2 специфични цели: обезбедување на интернационално искуство на самите деца и развивање на лидерскиот потенцијал кај практикантите и преземање на посигурни одлуки од нивна страна.

Нашата цел, како организација, е преку овој проект да се помогне на оние кои што навистина им е потребна помош преку креирање на млади лидери кои што ќе остават позитивен траг во самото општество.

Сето ова немаше да биде возможно без поддршката од партнерот на овој проект, Аеродромот ТАВ.

Би можело да ве интересира:

Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Конечно - новиот спот и песна на Антониа Гиговска: „Со бањарки во кадата ме креваа за да се гледам, ... „Ако ме прашате зошто оваа песна оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувству...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Најтажната приказна од Скопје ЗОО: Жирафата Флопи и нејзиниот негувател Ристе починаа во ист ден Веста за угинувањето на жирафата Флопи остави чувство на празнина и тага кај сит...
Цеце Николова упати емотивна честитка до жената што ја одгледала во СОС Детско село: „Таа од мене на... „Бескрајно сум благодарна за секоја секунда помината со тебе“ – напиша меѓу друг...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg