Злато и сребро за Публицис Македонија на Голден Драм 2014

На 21 издание на најголемиот адвертајзинг фестивал на Нова Европа „Голден Драм”, кој заврши минатата недела во Порторож, Публицис Македонија доби злато и сребро, и е единствената агенција од Публицис групацијата што добила награда на овој фестивал годинава.

zlato-i-srebro-za-publicis-makedonija-na-golden-dram-2014-01.jpg

Исто така во неофицијалниот дел од фестивалот во натперварот за Beat the Drum for Change Award, тимот на млади креативци од Публицис добија сребро за идејниото решение за кампања за унапредување на глобалната едукација.

Публицис Македонија доби Злато („Golden Drum”) во категоријата Односи со јавност, Alzheimer’s News Editors реализиран за Националниот институт за неврологија, како и сребро за истиот проект за Медиумска кампања. Зад идејните решение стои креативниот тим кој го сочинуваат Василије Ќорлука, Дејан Спирковски, Милан Стојанов и Мики Стефановски како и  поширокиот агенциски тим.

Проектот е резултат на исклучителна соработка, помеѓу Публицис и трите национални весници Дневник, Нова Македонија и Вечер, како и на најголемите ТВ станици, МТВ, Сител, Канал 5, Алсат и Алфа, со чија помош се имплементира креативен концепт  и притоа само за еден ден се информира 68% од вкупната популација. Проектот за Националниот институт за неврологија е реализиран без медиумски буџет, на светскиот ден за борба против алцхајмер.

zlato-i-srebro-za-publicis-makedonija-na-golden-dram-2014-02.jpg

"Целта на кампањата беше да се подигне свеста за симптомите од Алцхајмеровата болест, за нејзино навремено дијагностицирање, што е суштинско за лекувањето и ги зголемува шансите за поквалитетен живот на заболените. Идејата се базира на фактот дека луѓето најчесто се сеќаваат на нешта од минатото, но не и на работи што се случуваат во сегашноста. Претставивме разговори со Алцхајмерови пациенти, за она што се најновите вести за нив, а од нивните одговори креиравме „вести од минатото”. На светскиот ден за борба против Алцхајмер на насловните страни на весниците беа објавени вести од минатото, а исто така  вестите на ТВ станици беа заменети со вести од минатото. Главната порака на целиот концеп беше: Ова се најновите вести за луѓето со Алцхајмерова болест" изјавија од креативниот тим  на Публицис Македонија.

Би можело да ве интересира:

Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg