Скопското кале блесна во магента

Македонски Телеком  и Т-Мобиле Македонија одлучија на своите корисници и на сите сограѓани да им приредат незаборавно доживување, глетка која ќе ги израдува, пејсаж што ќе им ги збогати доживувањата - обојувајќи го целото Скопско Кале во магента.

skopskoto-kale-blesna-vo-magenta-1.jpg

Во духот на празничната магија и во желбата да се споделат моментите во овој период кога сите се чувствуваат понесени од емоции, преплавени од сознанието за завршувањето на оваа и возбудени од она што ги очекува во новата година, восхитени за времето што ќе го поминат со најблиските во празничниот период, Македонски Телеком  и Т-Мобиле Македонија одлучија на своите корисници и на сите сограѓани да им приредат незаборавно доживување, глетка која ќе ги израдува, пејсаж што ќе им ги збогати доживувањата - обојувајќи го целото Скопско Кале во магента.

Калето осамна во бојата на Македонски Телеком  и Т-Мобиле Македонија, чија идеја беше да им понудат на Скопјани да се разбудат покрај Кале обоено во магента во чувство и уверување дека сé е возможно, дека секој голем сон почнува со една единствена замисла и дека за сé што посакуваат треба да имаат сила, трпение и страст за да посегнат по ѕвездите и да го променат светот на подобро.

„Ние веруваме во магента. Веруваме дека на нашите корисници можеме да им понудиме дополнителна вредност и дополнителна можност да ги раскажат своите доживувања на најблиските. Веруваме дека соединуваме приказни, луѓе и настани. Веруваме во бакнување, во прегратки, во споделување. Веруваме дека среќните луѓе се најубави луѓе. Веруваме дека новата година е уште една убава година за сите нас и... веруваме во чуда. Затоа за нас магентата не е само боја, магентата е став“ - изјави Димитар Ковачевски, директор за корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

Македонски Телеком  и Т-Мобиле Македонија се определени да бидат блиску до своите корисници и да ги поддржуваат нивните потреби, барања и соништа и затоа се едни од најголемите поддржувачи на многу настани на компании и поединци, збиднувања во културата, музиката и многу социјални случувања во Македонија, но и понатаму ќе продолжат да креираат уникатни и напредни идеи и единствени моменти вредни за споделување.

skopskoto-kale-blesna-vo-magenta-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg