Френк Андервуд доаѓа во Македонија!

Македонските граѓани почнувајќи од 28 февруари, само 24 часа по американската премиера, ќе можат да уживаат во секоја ​нова​ епизода на мега-популарната серија Куќа од карти (House of Cards) која ќе биде достапна на регионалната интернет телевизија Pickbox, со македонски превод.

frenk-andervud-doagja-vo-makedonija.jpg

Со бројни жртви и тешки одрекувања, дијаболичната политичка двојка, Френк (Кевин Спејси) и Клер (Робин Рајт) Андервуд ја остварија својата цел. Господинот претседател ја презеде функцијата на крајот на втора сезона, а во новите епизоди, Спејси и Рајт се најмоќната американска двојка чии игри стануваат сѐ поризични. Очите на американската нација и на целиот свет се вперени во Френк.

Ова е само почетокот на мојата одмазда“, изјави Кевин Спејси при преземањето на „Златниот глобус“ за улогата на Френк, што инаку е негов осми обид за освојување на Глобусот за најдобар главен актер.

Со оглед на способноста на г. Андервуд секоја ситуација да ја сврти во своја корист преку вешто комбинирање сплетки, уцени, наговарања и умилкување, веруваме дека настаните во серијата ќе ве шокираат и разлутат, но и ќе ве насмеат. Андервудови се двојка која обожавате да ја мразите, па немојте да ја пропуштите шансата први да видите колку далеку оди нивната злоба.
Додека ја чекате третата сезона, повторно погледајте ги целосните 1 и 2 сезона, единствено на Pickbox.

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Секоја чест! Михајло од Скопје 5 дена се обидуваше да спаси кученце од опасно место - и успеа во тоа „Четврти ден е во тек акција за спасување на кученце кое влегло (не знам како) в...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg