Коментари кон Финансиските Извештаи на Стопанска Банка АД Скопје со состојба на 30.06.2015

Менаџментот на Стопанска Банка АД Скопје  со задоволство ги објавува најдобрите полугодишни резултати кои Банката ги има остварено во текот на нејзиното долгогодишно работење. Нето добивката по оданочување остварена за првите шест месеци од 2015 година изнесува 1.105.953 илјади денари, и во споредба со истиот период од мината година е повисока  за 34,9%.

komentari-kon-finansiskite-izvestai-na-stopanska-banka-ad-skopje-so-sostojba-na-30-06-2015-01.jpg

Сите клучни финансиски индикатори, како: Поврат на актива (RoA), Поврат на капитал (RoE), Нето каматната маргина (NIM) и Трошоци во однос на приходи (C:I) забележаа натамошно подобрување во однос на истиот период од минатата година, кога исто така, беа на импресивно ниво. Посебно се нагласува фактот дека, и депозитната основа, и квалитетот на кредитното портфолио, се на многу задоволително ниво, и овозможуваат нови перспективи и можности за натамошно реализирање на успешни перформанси од аспект на добивката, капиталот и ликвидносната позиција на Банката во наредните години.

Како продолжение на истата стратегија, која се применува во сите изминати 15 години, Стопанска Банка и оваа година ја задржа остварената добивка во својот биланс, со цел за натамошно зајакнување на капиталната позиција, создавајќи поголеми можности за ефикасна поддршка на економијата, следствено, како што постапуваше во сите изминати години. Во овој контекст, последното Собрание на акционери на Банката одржано во Јули, 2015 година, донесе одлука значителен дел од добивките реализирани во текот на минатите години, поточно ЕУР 35 милиони во денарска противвредност, да се пренесе во регулаторниот капитал на Банката, со што стапката на адекватност на капиталот се зајакнува уште повеќе и изнесува 17,7%.

Овие резултати на Стопанска Банка остварени во првото полугодие од 2015 година уште еднаш јасно ја рефлектираат долгорочната определба и довербата која Банката ја ужива во целата заедница, особено од страна на клиентите - физички и правни лица. За менаџментот и вработените на Банката ова остварување е уште една појдовна точка за исполнување на следните уште поамбициозни цели, кои од оваа Банка, како еден од носечките столбови на економијата, ги очекуваат клиентите, акционерите, вработените и пошироката заедница.

Би можело да ве интересира:

Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg