10 години АВОН Македонија - поттик за развој на 95.000 индивидуални бизниси

Компанијата го прослави 10-годишниот јубилеј од отворањето на канцеларијата во земјава, а одговорните посочија дека нивна задача не е само да продаваат производи, туку да ѝ овозможат на секоја жена да го покаже своето најубаво лице.

10-godini-avon-makedonija-pottik-za-razvoj-na-95-000-individualni-biznisi-02.jpg

Можност за развој на повеќе од 95.000 индивидуални бизниси, како единствен или дополнителен извор на приход, се резултат од 10-годишната работа на компанијата АВОН Македонија. Ова е само еден од врвовите од досегашното делување на брендот што вчера (четврток, 17 септември) во ресторанот „Везилка“ со одлична забава го одбележа деценискиот јубилеј во земјава.

- Пред 10 години само 300 Авон Претставници го започнаа патувањето со нас, а сè до денес, им дадовме можност на повеќе од 95.000 Претставници да го исполнат својот сон. Само за споредба, тоа е бројка поголема од популацијата на вториот по големина град во Македонија – Битола и верувам дека со нашиот раст од ден во ден таа бројка ќе се зголемува и наскоро ќе биде на ниво на Скопје – вели Дана Стојкова, Национален менаџер на продажба на АВОН Македонија.

10-godini-avon-makedonija-pottik-za-razvoj-na-95-000-individualni-biznisi-03.jpg

Компанијата лидер во директна продажба во Македонија, покрај тоа што ѝ овозможува на својата продажна структура да изгради сопствен бизнис, исто така делува и во доменот на општествената одговорност. Досега има донирано повеќе од три милиони и 700 илјади денари за Борбата против ракот на дојка, а активна е и со својата филантропска кампања за Борба против семејното насилство. Со неа, 100 отсто од профитот од продажбата на производите одат во прилог на оваа цел. На овој начин, беше кажано на настанот, Авон Македонија истакнува дека е компанија вистински ориентирана кон жената, и тоа не само кон нејзината убавина, туку и комплетна благосостојба.

-  Ние не продаваме само производи за убавина, туку ѝ овозможуваме на секоја жена да го покаже своето најубаво лице. Заедно го исполнуваме нашиот сон од детството овој свет да го направиме подобро место за живеење и заедно го остваривме нашето успешно минато и сега ја креираме иднината на АВОН! – дополнува Стојкова.

Една од ексклузивните гостинки на настанот беше Елизабет Коробченко, Генерален менаџер на АВОН за Балканскиот регион, која истакна дека Македонија веќе две години по ред е пазар што дава најдобри резултати во севкупното балканско АВОН-семејство.

- Во изминативе 10 години работа во Македонија достигнавме зрелост, а доказ за тоа се седумте престижни награди кои досега ги имаме добиено. Најновото достигнување на кое особено се гордееме е признанието за пазар со најголем раст на продажбата во Централна Европа за 2014 година. Продолжение на тоа е и новата информација дека го затворивме третиот квартал со 23 отсто раст на продажбата. Со гордост можам да надополнам и дека на овој јубилеј почнавме и соработка со позната македонска дама која ги застапува истите вредности како и АВОН, Каролина Гочева – истакна Коробченко.

10-godini-avon-makedonija-pottik-za-razvoj-na-95-000-individualni-biznisi-04.jpg

Козметичкиот гигант моментно продава по 250 производи секој час, односно по четири производи секоја минута, и својот јубилеј го заокружува со продажба од 23 милиони производи за убавина годишно. Исто така, на прославата беше кажано дека компанијата повеќе од 6 години наназад е број 1 во изборот на мириси за потрошувачите во Македонија, а е високо рангирана и кога станува збор за изборот на шминка и производи за нега на кожа.

Водител на настанот беше Сашко Коцев, а присутните имаа можност да погледнат танц со сенки изведен од трупа предводена од балерината Саша Ефтимова.

10-godini-avon-makedonija-pottik-za-razvoj-na-95-000-individualni-biznisi-01.jpg

На 10-годишнината специјална гостинка беше и Каролина Гочева, новото заштитно лице на компанијата, која ѝ го честиташе роденденот на Авон Македонија и имаше настап посебно подготвен за оваа пригода.

10-godini-avon-makedonija-pottik-za-razvoj-na-95-000-individualni-biznisi-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Секоја чест! Михајло од Скопје 5 дена се обидуваше да спаси кученце од опасно место - и успеа во тоа „Четврти ден е во тек акција за спасување на кученце кое влегло (не знам како) в...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg