Експеримент во Градски парк: „Јас сум ХИВ позитивен“ (видео)

Поради стравот од предрасуди, во Македонија ниту едно лице со ХИВ не го споделува јавно својот статус.

eksperiment-vo-gradski-park-jas-sum-hiv-pozitiven-video-001.jpg

Здружението за поддршка на лица со ХИВ - ЗАЕДНО ПОСИЛНИ одлучи да истражи колку од овој страв е основан. Не преку формално истражување, туку преку метода која би била видлива за целата јавност – социјален експеримент.

Ги ставивме луѓето во Градски Парк во ситуација во која мислат дека имаат физички контакт со лице со ХИВ – млад дечко кој послужува кафе носеше маичка на која стои „Јас сум ХИВ позитивен“.

Уште повеќе, вклучивме и учесничка која глуми дека е дел од редицата која чека кафе и потенцира дека лице со ХИВ служи пијалаци.

Прашањето кое сакавме да го одговориме: Како ќе реагираат учесниците во ваква ситуација?

На наше големо задоволство, учесниците во целост го поддржаа нашиот шанкер и го одбранија од нападите упатени од глумицата, потенцирајќи дека ХИВ не се пренесува така и апелирајќи против предрасуди.

Сите учесници во експериментот се случајни минувачи. 

Би можело да ве интересира:

Свети Трифун – Денес го славиме заштитникот на виното и на лозарите На денешен ден лозарите излегуваат во лозјата и вршат обредно закројување на лоз...
Првата жена пилот од Македонија во Wizz Air: „Првпат по 10 години кариера летав со жена капетан и са... „Денес, по 10 години како пилот, првпат летав со жена капетан и само женски каби...
Гените се чудо – 13 познати Македонци кои продолжиле по стапките на своите славни татковци Често велат дека „гените се чудо“ или дека „крушата под круша паѓа“. Во продолже...
На Универзитетската клиника за урологија изваден најголемиот камен од мочен меур во последните 20 го... Камен со големина од 8 сантиметри е изваден од мочниот меур на повозрасен пациен...
Нина Ристовска ја дотера ќерката во облека што таа ја носела пред 30 години: „Дедо ми ми ја сошил за... „Чувството што мојата ќерка носи моја облека од пред 30 години е преубаво, не по...
Инфлуенсерката Софија Јанева: „Партнерот ме запроси на Козјак, а по само 5 дена направивме свршувачк... „Бевме договорени да одиме на вечера во еден познат ресторан на Козјак, а кога п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg