Златна Бубамара на популарноста 19-то, тик-так, тик-так издание: Да се собереме пред да нè соберат!

Тик – так , Тик – так , ја најувуваме најпопуларната и најпосакувана манифестација создадена во нашата: лепена, сечена и демонтирана демократска држава - “ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“  во специјалното 19-то издание под мотото:

zlatna-bubamara-na-popularnosta-19-to-tik-tak-tik-tak-izdanie-da-se-sobereme-pred-da-ne-soberat-1.jpg

ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ! во Metro POLICE - Арена

Во третата недела од февруари, традиционално, по 19-ти пат ќе се оддржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и Екс Југословенските простори.

Наградите ќе бидат доделени по список и редослед кој е прочистен и потврден од музичко забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на оддложената ТВ снимка со среќни ПИМ мерки.

Добрата забава и хумор се потреба во секое нормално хумано опшество и тоа барем еден ден во годината, а додека го чекаме тој убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее „Ново сонце на слободата“.

zlatna-bubamara-na-popularnosta-19-to-tik-tak-tik-tak-izdanie-da-se-sobereme-pred-da-ne-soberat-2.jpg

Режисерот и организаторот на оваа култна манифестација Ранко Петровиќ како и секогаш сценариото го крие во тајност и најавува дека овој голем празничен медиумски настан, повторно ќе биде во знакот на високо интелигентна сатира, пристоен хумор, добра музика и аплаузи за најголемите македонски и балкански уметници.

zlatna-bubamara-na-popularnosta-19-to-tik-tak-tik-tak-izdanie-da-se-sobereme-pred-da-ne-soberat-3.jpg

Датумот сè уште не е прецизиран, првиот можен весел датум за оддржување е 18-ти февруари оваа година.

Ако сакате да се насмеете и кога не ви е до смеење, бидете со нас и во ова специјално издание.

zlatna-bubamara-na-popularnosta-19-to-tik-tak-tik-tak-izdanie-da-se-sobereme-pred-da-ne-soberat-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Стефанија од Прилеп за CRNOBELO: „На одмор сум на Тасос, вчера небото беше темно од пожарите, имаше ... „Не можам да кажам дека ми е сеедно, небото беше многу мрачно. Еве веќе три дена...
Кенијката Емакулате, мажена во Скопје, со носија и шампањ славеше за македонскиот пасош: „И официјал... „Знаете дека имам пасош од Вевчани, ама сега имам уште еден. Јас сум и официјалн...
Македонец го сруши светскиот рекорд - Направи 5.500 чучнувања без престан (видео) Слободанчо Ѓорѓиев направи нереален подвиг откако скоро три и пол часа без прест...
Врчак ужива во Маврово - малку на снег, малку на базен (фото) „Снегче во Маврово исто како лани ова време“, коментира Врчак на фотките шт...
Антониа како Фиона од Shrek, Калтрина е крвава невеста - Познатите Македонци се маскираа за 1-ви апр... Од ликови од цртаните, до секси вештерки... Како се маскираа некои од нашите јав...
Јелена Спенџарска сподели романтична фотка со саканиот: „Има луѓе со кои без размислување се селите ... „Има луѓе со кои, без секунда размислување, седнувате во кола, се селите на друг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg